14.8 C
Скопје
10 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Таравари: СДСМ ќе губи многу гласови ако оди со една листа со партиите на Албанците

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека на следните избори не е добро СДСМ да оди на една листа со албанските партии, и треба да биде самостојна, пренесува Инбокс7.

Тој вели дека тоа ќе и одземе многу гласови на партијата.

„Албанските партии сите се проевропски, и може да се случи да бидат заедно БЕСА, Алијанса и ДУИ. Со СДСМ не дека не сме го разговарале, но мислам дека е подобро е да си оди сам, ако биде една европска коалиција, ќе и штети на СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со кампања за Албанците или Македонците. Нам не ни преставува проблем да одиме со иста листа ние Албанците, ако има отворени листи, коалицијата е многу полесна. Но мислам дека СДСМ во таков случај ќе загуби многу“, рече Таравари.

Тој вели дека за менување на формулацијата 20% со албански јазик во Уставот, зборувал и со ВМРО-ДПМНЕ, и дека Мицкоски немал ништо против да се тргне.

„За 20% не дека не сме збореле, оваа тема е отворена од Преспанскиот договор и пред тоа. Тоа сме го збореле и со другите политички партии, вклулително и со ВМРО-ДПМНЕ го разговаравме, во март или април 2021 година, за магазинот Коха, Мицкоски кажа дека не му пречи да се тргнат. Заев кога требаше да се потпишува Преспа, кажа дека не му пречио следно отворање на Уставот да се тргне 20%“, изјави Таравари.

За Коридорот 8, Таравари кажа дека Владата наместо да добие, тој има впечаток дека губи со тоа што го крие Договорот.

„Коридорот 8 е стратешки проекти за Македонија, и Владата требаше да поентира, и имам впечаток дека е во дефанзива и како да губи. Не знам зошто се крие? И да е се во ред, ако нешто криеш, тогаш остава сомнеж“, рече Таравари.

Related posts

ЕУ се бори за солидарност во енергетската криза

ninja

Недостиг на работници: Околу 10 илјади слободни работни места

admin

Украинските пилоти почнаа со обука на Ф-16 во САД

admin

СО ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ЗАШТЕДА ОД 200 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

ninja

Ковачевски: Нови барања нема, ново вето нема да има

admin

Ахмети по средбата со Ескобар: ДУИ е подготвена да го води процесот

admin