25.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Учебната година пред крај, дел од учебниците уште ги нема

Учебната година завршува за еден месец, а дел од учебниците и натаму ги нема. Од МОН велат дека прават напори и покрај долгите законски процедури, но засега е неизвесно и дали ќе ги има сите учебници и за следната учебна година. Учебници по англиски јазик не се одобруваат веќе три години.

Учебникот по македонски јазик за петто одделение учениците се уште го немаат добиено, а до крајот на учебната година им останува уште неполн месец. Наместо од учебник и натаму учат од наставни материјали.

„Моето дете, кое е ученик во петто одделение се уште нема учебник по македонски јазик. Знаете кога ќе им го дадат? – Кога ќе завршат со школо, за распуст да си учат. Имаме среќа што имаат добра наставничка, оти до скоро немаа учебници и по други предмети“, вели родител на петтоодделенка во скопско училиште.

Првооделенците пак, пред само две недели ги добија учебниците по предметот Општество.

„Најдоцна пристигна учебникот по општество, иако не гледам дека нешто им недостасуваше на децата, бидејќи наставничката убаво го пренесуваше предметот преку наставни материјали, не гледам дека децата нешто испуштија“, раскажува Кристина, чија што ќерќа е првоодделенка.

Но, проблем вели биле учебниците по македонски и математика кои исто така доцнеа и учениците од прво одделение ги добија дури на почетокот на второто полугодие.

„Кога нема учебник каде што може да пишува е потешко, беа доделени работни листови, практично учебникот беше многу лош, поубаво е да си има учебник за секој предмет, а ова беше се во едно“, додава таа.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА 

Related posts

ВИДЕО | Две лица загинаа, четворица се повредени при уривање на авион во Унгарија

admin

СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНИТЕ ЗА СОБРАНИЕТО И ЗА АМНЕСТИЈА

ninja

Косово: Изолиран инцидент или ладни проби за жежок конфликт?

admin

Коњановски: НЕ на корумпираната влада на СДС и ДУИ

admin

ЧЕТИРИТЕ „СУХОИ 25“ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПРАТЕНИ ВО УКРАИНА

ninja

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ПРОТИВ СТАРИТЕ И ЕДЕН НОВ РИВАЛ

ninja