10.8 C
Скопје
25 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Борел со јасна порака до Дачиќ: Прорускиот став и евроинтеграцијата не одат заедно

ЕУ сака да го забрза пристапниот процес со шесте земји од Западен Балкан. Но, пречките се големи – бавни реформи, стари непријателства и колеблива ЕУ, пишува ДВ за средбата ЕУ-Западен Балкан, пренесува Инбокс7.

“Пред самитот на ЕУ со земјите кандидати и соседните земји, таканаречената Европска политичка заедница, следната недела во Молдавија, денешниот ручек беше важен за да се направи слика на актуелната состојба. „Можеби тоа треба да го правиме почесто“, рече првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, кој потоа започна со предавање кое беше насочено особено кон Србија и Косово.

Борел му посочи на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека блиските врски со Русија веќе не одат рака под рака со членство во ЕУ. ЕУ воведе строги санкции против Русија, која води војна против Украина, но Србија не ги поддржува. „Тие им штетат на сопствените национални интереси, но ставот секако не е во согласност со процесот на проширување“, предупреди Жозеп Борел. „Блиски односи со Русија повеќе не функционираат и тоа не се однесува само на Србија.“

ЕУ води пристапни преговори со Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Босна и Херцеговина е кандидат за преговори, но сѐ уште се смета за нестабилна. Косово, кое ниту Србија ниту сите земји-членки на ЕУ го признаваат како независна држава, е само потенцијален кандидат за приклучување. Жозеп Борел најави дека за некои од нив се чекаат „стратешки“ одлуки на ЕУ, но само за оние кои ја поддржуваат политиката против руската агресија.

Македонскиот министер за надворешни работи вели дека актуелните состојби во земјите од Западен Балкан и нивните евроинтегративни процеси во контекст на неоправданата руска агресија врз Украина, во фокусот на разговорите во денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, со кој заседаваше Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел

“Наш заеднички интерес е да ги истражиме најефикасните начини како да го потиснеме влијанието на недемократските трети земји во срцето на Европа. Потребна е стратешка решеност за забрзана интеграција на регионот во ЕУ. Остануваме веродостоен партнер на ЕУ во спроведувањето на надворешната политика на ЕУ и на трансатлантските партнери”, вели Османи.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија редовно ги канат своите шест колеги од Западен Балкан на неформален ручек. Темата е секогаш иста: како може да се забрзаат пристапните процедури, од кои некои траат со децении.

 

Related posts

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

admin

„ЃАВОЛОТ Е ВО ДЕТАЛИТЕ“ – ШТО СОДРЖИ НОВИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО?

ninja

2024 – Тешка економска година

admin

Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти

ninja

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

Русија развива антисателитско нуклеарно оружје

admin