13.8 C
Скопје
23 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Студија: Учениците во С.Македонија малку читаат, но и возрасните не се за фалење

Најновите резултати од Меѓународната студија за читање (PIRLS 2021) велат дека македонските ученици од четврто одделение покажале потпросечен резултат во читање. Според нив, македонските ученици од четврто одделение се пласираа на 34-то место во светот на табелата од 43 земји од светот, јавува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Според табелата македонските четвртоодделенци освоиле 442 поени и се под просекот од 500 поени според кое е извршено рангирањето. Девојчињата во четврто одделение имале повисок просечен резултат од момчињата, со предност од 25 поени.

Четвртоодделенците во Северна Македонија биле поуспешни во пронаоѓањето и директното изведување на заклучоци отколку во толкување, интегрирање и вреднување.

Меѓу подобро рангираните од регионот по читање се Словенија на 23 место со 520, Србија е на 26. место со 514 поени, а веднаш зад неа е Албанија со 513 поени. Од регионот иако под просек, подобри резултати од Северна Македонија има Црна Гора -487 бодови, додека полоши има само Косово кое е на 38 мото место со 421 поен.

Ова обемно меѓународно истражување, чии резултати се објавуваат на секои пет години, на прво место по читање ги рангираше децата од Сингапур со 587 поени, а потоа следат Хонг Конг (573) и Русија (567). Во топ 10те земји кои можат да се пофалат со ученици кои добро читаат се и Англија, Финска, Полска, Кинески Тајпеј, Шведска, Австралија и соседна Бугарија која има високи 540 поени.

Лошо рангирани беа и средношколците на меѓународното тестирање ПИСА, каде со години покажуваат слаби резултати во читање, математика и природни науки.

Слични резултати околу постигнувањата на учениците беа забележани и пред неколку години во истражување на УСАИД и здружението „Чекор по чекор“. Резултатите тогаш покажале дека учениците на ниту еден наставен јазик не го постигнуваат меѓународниот стандард да може да одговорат на 80 проценти од поставените прашања. Тие одговориле на 40 проценти од поставените прашања. Во областа математика, според истражувањето, најтешка задача во двете одделенија е одземање, а по него се текстуалните задачи.

 

Related posts

Ванковска „прв“ кандидат во трката за претседател на Северна Македонија

admin

МФ: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

admin

Сунак ќе стане следниот премиер на Британија

ninja

Мерката за намалување на цените – повеќе популизам отколку реален ефект

admin

ОН: КЛУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДЕНЕС СЕ ПОТЦЕНЕТИ, НЕДОВОЛНО ПЛАТЕНИ И ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

ninja

Извинувањето е доблест, но ретко се слуша

admin