20.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Заев за Катимерини: Пред Преспа бевме поблиски со Турција, сега сме со Грција

Поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, изјавил дека народот ги виде придобивките од Договорот од Преспа, со кој во 2018 се реши 30-годишниот спор околу името, пренесува Инбокс7.

“Нормално, нашите земји и пред договорот имаа некаква економска соработка. Но, сега, по договорот од Преспа, се е отворено. Имаше многу инвестиции од Грција во Северна Македонија, особено во енергетиката, додека во периодот на коронавирус Грција ни помогна со тоа што ни обезбеди вакцини. Сега градиме заеднички пазар на енергија и се обидуваме да бидеме отпорни и поподготвени за идните енергетски кризи. Ние сме мал регион и ако соработуваме ќе бидеме навистина посилни”, рекол Заев.

Некои десничарски партии, изјавил Заев, се уште не го прифаќаат, и додал дека “сега е во нашиот Устав”.

“Не е само усвојување на договорот во Собранието, туку преку овој договор го променивме нашиот Устав. Знам дека без разлика што ќе се случува во Северна Македонија во иднина, Уставот мора да се почитува. Дури и лидерот на опозицијата јавно коментираше дека нема назад. Затоа, треба да продолжиме во иднина. Како што беше против грчката опозиција во тоа време, така и денес како влада наоѓаме начини и продолжуваме да работиме заедно затоа што никој не сака да уништи нешто што е од корист за двете страни”, потенцирал Заев.

Бившиот премиер рекол дека регионот се менува по договорот од Преспа и тоа не само во енергетскиот сектор туку и во земјоделството, текстилот, во металната индустрија, насекаде.

“Тоа е многу видлива соработка и има над 2,5 милијарди евра нерешени инвестиции од Грција во Северна Македонија, во енергетиката и другите сектори. Тоа е 25% од нашиот БДП. Многу сум благодарен и на новата грчка влада – тие сега не се толку нови затоа што ги имате изборите – која го поддржува полноправното членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа значи стабилност и безбедност. Дендиас и другите беа толку позитивни во борбата за Северна Македонија во Европската унија, во Европскиот совет, во Комитетот на министри. Тоа го прават пријателите и ние сме многу благодарни и нашите граѓани го знаат тоа”.

По договорот од Преспа, Заев оценил дека граѓаните се гледаат поблиску до Грција наместо со Турција.

“Бевме многу блиски со Турција и сè уште сме, бидејќи има врска со граѓани од турска националност. Но, по Преспа, бидејќи Грција ни е прв сосед, а Турција не ни е сосед, стана многу видливо дека Грција е еден од нашите најверни пријатели и тоа го гледаме на анкетите. Сега анкетите ја покажуваат Грција како еден од првите пет најдобри пријатели на Северна Македонија, додека пред Преспа беше еден од нашите три најголеми политички непријатели. Денеска многу се радувам кога гледам семејства меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега, на пр. на стоматолог, додека доаѓаме на кафе, на храна, на шопинг, особено во Солун. Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку учтиви, а има и такви кои велат: „Господине Заев, јас сум против Преспа, но вие сте добар човек, па ајде да работиме заедно“.”

“Веруваме дека најдоцна до 2030 година Северна Македонија ќе биде земја членка на Европската Унија. Во текот на 17-те години од спорот за името сменивме многу закони, овој пат го искористивме да го усогласиме нашето законодавство со европското законодавство, така што ќе имаме побрз пристапен процес во споредба со другите земји.”, изјавил Заев во интервју за Катимерини.

Related posts

НА СЕКОЈ СААТ ИМА НОВИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ХЕРСОН, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

ninja

Рубин: Србија е влезна точка за пропаганда од Русија на Западен Балкан

admin

Националистичка иконографија во трка по гласови

admin

Избори во едно, или едно по едно

admin

Кривична пријава против двајца полицајци од Ќафасан

admin

АзА ја поздрави одлуката на САД за Рамиз Мерко

admin