18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Огнените од ДУИ против една изборна единица

Предлогот на потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, за изборен модел – со една единица, праг од 5 отсто и отворени листо – го нема подршката на “Огнената група”.

Генералниот секретар на ДУИ, Блерим Беџети,  кој е дел на оваа фракција, вели дека за овој предлог ниту се разговарало во партијата, ниту пак е направена анализа за него.

“Единствениот модел за кој се договорија партиските тела на ДУИ, пред расколот што се случи во оваа тема, е моделот со 3 избирачки единици”, рече Беџети во емисијата „Патот кон“ во Алсат. „Ставот на партиските органи во рамките на ДУИ е дека изборниот модел е прифатлив со 3 изборни единици. Слушнав што рече Арбр Адеми и се изненадив бидејќи нема анализа за предностите или недостатоците на секоја опција за која може да се разговара и прифати.”

Потпретседателот Арбр Адеми, кој ја претставува ДУИ во работната група за изборни реформи, рече дека неговата партија предложила изборен модел со единица и праг од 5%, како и отворени листи.

 

Related posts

Маричиќ: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

admin

Ја ограбил продавницата во Куманово, ден потоа фатен од полицијата

admin

Бил Гејтс вели дека вештачката интелигенција ќе ги застари Amazon и Google Search

admin

Бројни институции немаат ни „К“ од капитални инвестиции

admin

Хил: Србија се врти кон Западот, прашањето е дали да му се верува на Курти

admin

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin