-1.2 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Касами и Гаши кројат опозициски фронт, сакаат да ја урнат владата

Пет години откако се разделија, БЕСА на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши повторно седнаа заедно на иста маса. Целта е постигнување на договор „во духот на барање начини за артикулирање на албанскиот опозициски глас во Северна Македонија“, јавува Инбокс7.

Средбата се одржа во просториите на Собранието, по што беше објавено заедничко соопштение до медиумите во кое беше содржана изјавата за договорот и неколку фотографии од двајцата лидери.

„Причината за оваа средба беше официјализирање на подготвеноста за соработка и координирање на политичките активности на двете партии во насока на изградба на опозициски камп кој првично ќе ги артикулира и штити стратешките интегративни интереси на земјата, оние на етничките Албанци и во општо, на граѓаните, додека понатаму ќе се насочи оваа соработка да се прошири и на други нивоа на политичка интеракција“, се вели во заедничката изјава.

„Се наоѓаме на важна пресвртница“, се наведува понатаму во соопштението, „кога интеграцискиот процес е во застој, кога политичката корупција стана единствениот успех на оваа влада, додека правата на етничките Албанци повторно се ставаат на неповолни размери, историскиот момент наметнува сите албански политички сили, но не само политичките, да соработуваат за делегитимирање на оваа корумпирана, неспособна и штетна влада за интересите на земјата и Албанците“.

По средбата двајцата претседатели, Касами и Гаши, потпишале заедничка изјава, што е формална заложба на двете страни за официјализирање на овој договор.

Во последните пет години двете страни имаа тензични односи, проследени со лична нетрпеливост. На изборите во 2016 година, БЕСА освои близу 55.000 гласови и 8 пратеници, со што стана втора политичка сила меѓу етничките Албанци во Северна Македонија. Но, оваа партија одби да стане дел од владата во 2017 година, кога извршната власт ја формираа 62 пратеници, колку што броеа партнерските партии во власта – СДСМ, ДУИ, АзА. Една година подоцна доаѓа до раскол во БЕСА, од која групата која ја формираше Алтернативата заминува, земајќи четворица пратеници. Во меѓувреме, АзА, која имаше тројца пратеници, ја напушта владата и наместо тоа на власт доаѓа новоформираната Алтернатива.

Поминаа неполни две години, во 2020 година Алтернативата остана надвор од владата, а Движењето БЕСА стана дел од неа. Таа направи предизборна коалиција со СДСМ, што и донесе задоволителен резултат, дури освои 4 пратеници. Од изборите во 2020 година, СДСМ со 46 и ДУИ со 15 пратеници стигнуваат до основното парламентарно мнозинство, со кое се гласа Владата, а Собранието не функционира. Дел од оваа влада беше и ДПА со 1 пратеник.

Една година подоцна повторно имаше промени: БЕСА излезе од владата, а наместо нејзе се врати Алтернатива. БЕСА излезе со 3 пратеници откако еден веќе му припадна на СДСМ од заедничката листа за парламентарни избори, по изборот на Билал Касами за градоначалник на општина Тетово. Алтернатива влезе со 4 пратеници, колку што имаше на заедничката листа со АзА, со која заедно се натпреваруваа на последните парламентарни избори. БЕСА сакаше да ја урне власта со соработка со ВМРО-ДПМНЕ и АзА, но Алтернатива ја спаси. На помош дојде и Кастриот Реџепи, сега веќе независниот пратеник на БЕСА, кој во последен момент гласаше за владата. По овие маневри, новото парламентарно мнозинство брои 64 пратеници: 44 од СДСМ, 15 од ДУИ, четворица од Алтернатива, еден од ДПА и еден независен.

Повторно се менува коалицијата на почетокот на 2023 година. АзА се враќа на власт, излегува Алтернатива. Двете партии, како партнери на предизборната опозициска коалиција на изборите во 2020 година, освоија 12 пратеници. АзА сега влегува како поважен партнер бидејќи има 8 пратеници, додека Алтернативата со 4 изгледа непотребна. Се зголемува тежината на АзА и поради тенденцијата на „Огнената група“ да се отцепи од ДУИ, ризикувајќи да го намали парламентарното мнозинство за три пратеници.

Помирувањето меѓу Касами и Гаши доаѓа кога и двајцата за прв пат по 2017 година се најдоа во опозиција. Останува да се види колку повторно ќе успеат да функсионираат заедно.

Related posts

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin

Бесими најави граѓанска обврзница за ликвидност на буџетот

admin

Над 4.1 милиони украинци се засолнети во ЕУ

admin

Мега-извозен центар во Скопје, Даути: Ги отвораме портите на европскиот пазар за домашните производи

admin

Отворањето на Уставот се наметнува како клучно политичко прашање за 2023

ninja

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ, вети реорганизација и заедништво

admin