5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Огнените“ и официјално поднесоа барање за отстранување на дефиницијата „20 проценти“

Тројцата пратеници во Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од фракцијата на ДУИ, денеска иницираа уставни измени во однос на бугарското прашање, но и за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ што се однесува на употребата на албанскиот јазик, пренесува Инбокс7.

Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда, кој го носи потписот на тројца пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на ДУИ и дел од Фракцијата, Јетмир Асани, заедно со група млади луѓе.

„Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и затоа силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата од 20% за албанскиот јазик да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место“, изјави Асани пред да го поднесе Предлогот.

Related posts

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

admin

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

admin

Земјоделски производи: Растат цените, паѓа откупот

admin

Специјален обвинител за истрагата на синот на Џо Бајден

admin

Зара ја повлече контроверзната реклама

admin