6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Секој трет во земјава поседува оружје

За два дена во земјава се случија два поголеми инциденти со оружје. Пронајдени се две мртви тела со прострелни рани, и еден обид за кражба на воено оружје. Проценка на огнено оружје кое го поседуваат цивили во земјава е 620 илјади парчиња оружје од кое, според МВР, 180 илјади е легално.

Жител на Демир Капија си го убил соседот, кој живеел во стан над него во зградата, па откако стигнал дома се самоубил. 72 годишниот маж имал дозвола за пиштолот со кој го убил 34 годишниот сосед, наводно затоа што му пречело тропањето од горниот кат. Полицијата и Обвинителството соопштија дека отвориле истрага. Во соопштението на Министерството за внатрешни работи е потврдено дека безживотните тела се пронајдени во нивните домови со прострелни рани.

Само неколку часа по ова соопштение од Основното јавно обвинителство известија дека отвориле истрага против 23 годишен скопјанец за обид на кражба на воено оружје во објект на Армијата.

„Со клешта за арматура ја исекол жичената ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот Дренов Дол во кој се чувало оружје и воена опрема“, се вели во соопштението на Обвинителството, кое додава дека од Судот побарале мерка притвор за осомничениот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА!

Related posts

Ограничувањето на извозот на редки земјени минерали од Кина е удар за САД

admin

О’Рајли: Трамп е подготвен за жесток удар врз Иран

admin

OpenAI притисна на кочница: Го паузира тренирањето на најновите модели по инцидентите со ВИ-агенти

admin

„Неизбришлива дамка за Норвешка“: Трамп бесен по изборот за Нобеловата награда

admin

ЕУ ДОНЕСЕ САНКЦИИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ

ninja

Додик не попушта, Руте со порака: НАТО ќе спречи безбедносен вакуум во Босна

admin