27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Стравовите за безбедноста на работниците бргу ќе исчезнат затоа што „Бехтел и Енка“ е сериозна компанија

Се надевам дека времето ќе покаже дека стравовите за безбедноста на работниците бргу ќе исчезнат затоа што „Бехтел и Енка“ е сериозна компанија, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Огласите за работа се активни, вели министерката и посочи дека сите кадидати претходно ќе поминат низ систематски здравствен преглед.

– Немаме доволно градежни работници затоа што државата свесно го тоне градежниот сектор со тоа што не им дава работа на домашни фирми. Затоа пропаѓаат домашните фирми. На времето цутеа градежните фирми и дома и во странство затоа што државата им овозможуваше да работат, вели во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 Иван Пешевски, Синдикат за градежништво.

Откако ќе бидат донесени законите ќе има и дополнителни огласи и за работници и за компаниите и тоа не само од градежништвото туку и за компаниите кои доставуваат сервиси.

-Замисла на Владата не е да носат странци што ќе бидат задоволни со 500 евра плата туку прво ќе се обезбедат домашни работници, вели министерката и додава дека договорите и инспекциите ќе бидат јавни.

Related posts

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има бизнис во Дубаи, од каде му се парите?

admin

М-НАВ: Почна со плискање вода, заврши со прелеана чаша

admin

Хасани: Нерешените прашања со Грција можат да се решат преку дијалог

admin

Предизвикот за спроведување на Болоњскиот процес

admin

Синдикатите ја блокираа Владата барајќи минимална плата од 600 евра

admin