8.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

А1он: Двајца пратеници на СДСМ нема да ги гласаат уставните измени

Власта нема гаранции дека сите 64 пратеници, кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, ќе ги подржат уставните измени. Извори на „А1он“ велат дека двајца пратеници на СДСМ нема да кренат рака за отворање на Уставот, а не се знае ниту конечниот став на „огнената“ група во ДУИ, пренесува Инбокс7.

Нов проблем за Владата која упорно ги турка уставните измени, според А1он, е што Алтернатива и БЕСА се се погласни дека нема да гласаат за нив ако во Уставот не се избришат за нив навредливите „20%“, а а на иста линија е и коалицискиот партнер Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Неофицијално, премиерот затоа инсистира и се надева на договор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој треба да прифати некое од решенијата кои беа договорени на лидерската средба со што би обезбедило двотретинско мнозинство и во случај некој од „незадоволните“ пратеници на СДСМ да не крене рака при првото гласање за кое се потребни 80 гласа.

„ВМРО ДПМНЕ нема проблем со внесувањето на Бугарите во Уставот. Мицкоски бараше ДУИ да излезе од Влада, а тие му одговорија потврдно, потоа и ние им понудивме повеќе места за министри. Им отворивме можност за да се приклучат во Владата со цел заедно за да ја донесеме одлуката за уставни измени и потоа да одиме на избори“, коментираше Ковачевски денес на средба со новинарите.

Related posts

Судскиот совет избра нови судии за Врховниот суд, без избор за тројца кандидати поради недостиг на интегритет

admin

Бајден вети дека САД и сојузниците „нема да се поколебаат“ во одбрана на Украина

admin

По измените на Кривичниот законик реагира САД: Мора да покажете резултати

admin

Западот нè напушта? Пендаровски предупредува на опасен надворешнополитички курс!

admin

Агелер: Нема законска обрска за ДУИ да биде дел од владата

admin

Македонските власти разгледуваат различни опции за евакуација на граѓаните од Блискиот Исток

admin