22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Македонските власти разгледуваат различни опции за евакуација на граѓаните од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека работи на обезбедување безбедни услови за евакуација на македонските државјани од регионот на Блискиот Исток, каде ескалацијата на конфликтите предизвика загриженост кај над 470 граѓани.

Според министерството, од почетокот на конфликтот 473 македонски државјани побарале помош за враќање – 19 од Израел, 106 од Катар и 348 од други земји во регионот. Во изминатиот период едно лице од Иран – фудбалер – беше евакуирано преку Турција, а неколку граѓани од Израел обезбедиле комерцијални авионски билети.

МНР истакна дека се разгледуваат повеќе опции, вклучително ангажман на владиниот авион и користење на комерцијални летови. Дополнително, за македонските граѓани во Обединетите Арапски Емирати се разгледува можност за копнена евакуација преку Саудиска Арабија и Оман. Амбасадата во Абу Даби е во постојана комуникација со локалните власти за координација на безбедните коридори.

Министерството апелира до македонските граѓани да се воздржат од непотребни патувања во погодените региони и да ги следат информациите на дипломатско-конзуларните претставништва за можностите за евакуација.

Според МНР, првите македонски граѓани што ќе бидат евакуирани со владиниот авион од Израел се очекува да пристигнат утре во Скопје.

Related posts

Се редат дипломатските пазли во Скопје

admin

Се подготвува ли Македонија за избори напролет 2027? Нови сигнали од партиските штабови

admin

Евровизија 2026 почнува во сенка на бојкоти и политички поделби поради Израел

admin

Русија удира по Украина додека САД туркаат мировен договор – Кременчук во мрак по „масовен“ напад

admin

Градоначалникот на Струга тужен поради албанско знаме

admin

ЕУ ќе купува оружје за Украина и ќе забрани руски медиуми

ninja