27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Трамп подготвува голем воен потег кон Турција пред самитот на НАТО

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира во наредните денови да ја одобри продажбата на десетици авионски мотори за турскиот борбен авион КААН, во зделка вредна повеќе од 700 милиони долари, и покрај приговорите од дел од американските конгресмени, изјавиле за Ројтерс четири извори запознаени со случајот.

Моторите, произведени од General Electric, ќе се користат за првиот домашно развиен турски борбен авион КААН, клучен проект на Анкара за зајакнување на сопствената одбранбена индустрија.

Одлуката се смета за важен политички сигнал кон Турција во пресрет на самитот на НАТО следниот месец, чиј домаќин ќе биде Анкара.

Американскиот претседател Доналд Трамп, запрашан за продажбата и за можноста Турција повторно да биде вклучена во програмата за борбените авиони Ф-35, рече дека веројатно ќе направи „нешто што ќе ги направи многу среќни“.

Сепак, аналитичарите оценуваат дека продажбата на моторите е далеку од главната цел на Турција – враќање во програмата Ф-35, од која беше исклучена во 2019 година поради купувањето на рускиот противвоздушен систем С-400.

Американското законодавство не дозволува Турција истовремено да располага со системот С-400 и да биде дел од програмата Ф-35. Потпретседателот Џеј Ди Венс изјави дека администрацијата врши проценка дали Анкара ги исполнува законските услови за евентуално повторно приклучување кон програмата.

Иако демократскиот конгресмен Грегори Микс се спротивставил на продажбата, неговите забелешки не се правно обврзувачки. Стејт департментот се очекува наскоро формално да го извести Конгресот за зделката.

Турското Министерство за надворешни работи не ја коментираше информацијата.

Односите меѓу Вашингтон и Анкара значително се подобрија за време на мандатот на Трамп, иако несогласувањата околу С-400 и Ф-35 остануваат едно од главните отворени прашања меѓу двата НАТО-сојузници.

Related posts

Осудениот за пожарот во Пошта досега платил 1% од штетата

admin

Бројни институции немаат ни „К“ од капитални инвестиции

admin

ЕУ треба да балансира меѓу безбедноста, дигиталните граници и правата на мигрантите, предупредува ЕЕСК

admin

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНА ЗА ЕДЕН ПОЕН НА ЛИСТАТА НА ФРИДОМ ХАУС

ninja

Реформи во здравството: Фокус на превенцијата по слабите резултати во скрининг програмите

admin

Револуција во Иран: „Смрт за Исламската Република“

admin