20.8 C
Скопје
27 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Брегу: Не ни се потребни дополнителни институции и иницијативи, за регионална соработка е потребна политичка волја

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, Мајлинда Брегу, рече дека не ни требаат дополнителни институции и организации за поттикнување на регионалната соработка, туку но треба повеќе политичка волја, пренесува  Инбокс7.

Таа зборуваше на ист панел со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во рамки на Преспа форумот за дијалог, кој се одржува во Струга.

“Ние сме свесни дека во регионот има многу проблеми. Има многу луѓе подготвени да ги спроведат стратегиите за регионалната соработка. Но кога доаѓа до поличката воља тоа да се спроведе, ние застануваме”, рече Брегу.

Таа рече дека трите договори кои се спроведувани се резултат на политички одлуки.

“Овие договори се клучни за подобрување на животот на обичните граѓани во регионот. Се признаваат дипломите на младите, се запира нивното бегање надвор…Затоа се важни овие договори. Или договорот за патување со лично карти низ регионот…”, рече Брегу.

 

Related posts

Уставни измени: Кој и кога ќе ја сврти „плочата“?

admin

Американската дипломатија поубедителна од европската?

admin

Незири за бугарската БНТ: Уставните измени ќе поминат, опозицијата нема да ги блокира

admin

Еден чекор напред – два назад за уставните измени

ninja

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до Антикорупциска информациите за сокриен имот на функционери

ninja

Започна војна на кланови за тронот на Путин

admin