13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Вучиќ разговараше со Пич: И покрај провокациите од Приштина, остануваме посветени на мирот

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич.

По разговорот Вучиќ изјави дека двајцата отворено разговарале и за последните случувања во Косово како и состојбата во регионот.

Во оваа прилика, претседателот Вучиќ на Инстаграм профилот објави дека Србија е упорна во намерата да ги зачува мирот и стабилноста во регионот.

„Сомислен и отворен разговор со Сер Стјуарт Пич за последните случувања во Косово и Метохија и ситуацијата во регионот. Му се заблагодарив за разбирањето на нашиот став, како и за објективната проценка на новонастанатата ситуација“, напиша Вучиќ.

Тој посочи дека „едностраните потези на Приштина го попречуваат понатамошниот тек на разговорите, но дека Србија останува одлучна во својата политика за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и покрај провокациите“.

Related posts

Бајден се повлекува, ја поддржува потпретседателката Харис за номинација

admin

Ангеловски и Мицковски: Државата да не се меша на слободниот пазар

admin

Тројца кандидати за пратеници на изборите во С. Македонија членуваат во странска политичка партија

admin

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

admin

Зошто е важно Македонија да биде дел од СЕПА?

admin

ЕУ ДОНЕСЕ САНКЦИИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ

ninja