34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали Мицковски и Ковачевски договорија широка владина коалиција?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека разговарале за варијанти во врска со уставните измени и за начините како тие да бидат изгласани во Парламентот, меѓу кои и за формирање заедничка влада, јави РСЕ.

„Понудата на Ковачевски е во парламентот да почне дискусија и да се изгласа со две третини потребата за промена на Уставот, а потоа да се формира широка влада, во која 5 ресори ќе бидат на ВМРО-ДПМНЕ, да поминат уставните измени, да почне процесот на преговори за членсво во ЕУ, да се затворат некои поглавја, а таа влада потоа да оди на избори.“

„Јас, пак предложив заедничка влада, без ДУИ, да го почнеме процесот, уставните измени да бидат изгласани, а да важат дури тогаш кога ќе почне ратификацијата на нашето членство во ЕУ во парламентите на земјите членки.’

„Очигледно е дека немаат 80 пратеници за да поминат уставните измени, тогаш логично е да одиме на избори, оти нема ниту една причина зошто оваа Влада да остане на власт“, изјави Мицкоски по средбата.

Related posts

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin

ЗГОЛЕМЕНОТО КИНЕСКО ВЛИЈАНИЕ ТРЕБА ДА ГО ВКЛУЧИ ЦРВЕНИОТ АЛАРМ

ninja

САД спрема санкции против владата на Косово

admin

СТАТИСТИКА: Многу мал број на обвинети докажуваат дека се невини

admin

ЈА ПОЧНУВА ЛИ РУСИЈА ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

ninja

ХРВАТСКА ВО ШЕНГЕН: ОСТВАРУВАЊЕ НА ИСТОРИСКАТА ЦЕЛ

ninja