12.8 C
Скопје
28 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

Автор: Арта Тахири

Образовниот систем на средно ниво во Северна Македонија, последните години сигурно чекори во поврзувањето на теоријата и практиката, на знаењата кои учениците ги добиваат од книгите и другите научни извори во разни стручни предмети со примената на добиените вештини во домашните компаниии. Соработката меѓу образовниот систем и бизнистот преку моделот познат како стручно дуално образование, кој потекнува од Швајцарија, има за цел преку практичната работа на учениците да оспособи квалификувани кадри за кои има потреба на пазарот на трудот.. Средното училиште на Град Скопје „8 септември“ е вклучено во проектот за развој и унапредување на дуалниот систем во стручното образование. Професорот по практична настава, Ндерим Имами оценува дека овој модел придонесува за развој на квалитетни работни способности, кои се бараат од страна на работодавачите.

Изјава Ндерим Имами, професор

“Ова училиште има две насоки, четиригодишна и тригодишна. Во четиригодишната се машински техничар, машински за компјутерско водство, машински техничар за моторни возила. Во тригодишната насока се инсталатер на цевки, инсталатер на греење и климатизација, обработувач на метали и швајцер. Приватните копании се особено концентрирани во тригодишната насока, бидејќи имаат недостиг на кадар. Надворешните компании инвестираат кај учениците затоа што потоа сакаат учениците да ги задржат за себе и  да не земаат работници однадвор, бидејќи училиштето има капацитет да ги едуцира, учи, обучува за да бидат готови како профили и да одат на работно место со завршено средно училиште”.

Професорот Имами вели дека овој модел е многу потребен, затоа што отвора перспективи за младите, обезбедувајќи добри работни места, и тоа многу брзо по завршувањето на средното образование.

Познатата компанија Макстил во Скопје, која се наоѓа во поранешната фабрика Железара, една од многуте компании кои го поддржуваат проектот, ангажира ученици во практичната работа, но интересот и резултатите од дуалното образование не се на посакуваното ниво. Оваа компанија изјавува дека секогаш има потреба од кадри, кои во текот на образованието добиле специјализирани стручни компетенции, затоа што на овој начин се овозожува интензивен економски развој.

Учениците веќе ги спроведуваат знаењата и вештините во практични задачи.

Изјава Кораб Аџами, ученик во средното стручно училиште „8 септември“

„Запишан сум на насоката за техничар за компјутерско водство. Ја избрав затоа што ја сакав уште како мал и се надевав дека на овој начин ќе постигнам нешто. Од практичната работа добиваш многу знаења за занаетот кој го избираш, затоа што друго е кога на часови учиш од книгите, а друго е кога гледаш како се работи со машини. Ние сме 4 деца од нашиот клас кои одиме на практика во ВАПТЕК и имаме гарантирано вработување по четвртата година доколку не одиме на факултет. Штом завршиме четврта година ќе имаме големи предности и можеме да се вработиме во добри копании, само треба занаетот да го научиме добро„.

Изјава Мухамед Лимани, ученик во средното стручно училиште „8 септември“ “Успеав да научам дека занаетот е една од подобрите работи во животот, а предноста е што има брзо вработување. Имаме стипендии од МОН, додека, пак, ако некоја фабрика има потреба плаќа за практиката. Ми се допаѓа подршката од професорите и општеството. Ги молам учениците од основните училишта да се запишуваат во стручните училишта затоа што се бараат работници, кои на пазарот ги нема”.

Изјава Албин Абази, ученик во средното стручно училиште „8 септември“

“Јас сум машински техничар за моторни возила. Позади ни е возилото, се гледаат деловите, моторот. Најдобриот начин е запишување во средните стручни училишта отколку во гимназиите затоа што придобивките се големи. Пазарот има потреба од кадри, за квалификуван кадар затоа што по завршувањето на училиштето се нуди работа. Имаме пријатели и колеги кои ги познаваме кои се вработиле во компаниите во кои биле на пракса“.

Изјава Хубејб Алили, ученик во средното стручно училиште „8 септември“

“Јас сум запишан на насоката машински техничар за енергетика. Мислам дека има добра работа со оваа насока, многу подобра отколку со другите училишта„.

Изјава Адурим Мехмети, ученик во средното стручно училиште „8 септември

“Во иднина ни требаат многу професионалци„.

Учењето преку работа е релативно нов концепт. Нивото на спроведување се зголеми во рамките на моделот за дуално образование, кој почна од учебната година  2021/2022. Практиката на учењето преку работа е поефикасно, споредено со моделот за редовно стручно образование. До почетокот на овој концепт образованието и бизнисот функционираа како две сфери, една покрај друга, а не како сфери кои имаат заеднички интереси. Преку соработката, пред се’, се обезбедува зголемување на вработеноста и одржлив економски развој.

Related posts

Ердоган го повика Путин да дејствува со здрав разум

admin

Сиљановска-Дафкова положи заклетва со старото име на државата

admin

Зошто Бранко Црвенковски се јави со нова иницијатива?

admin

Вучиќ го распушти парламентот и свика предвремени избори на 17 декември во Србија

admin

Временска прогноза за наредната недела

admin

Османи со писмо до пратениците: Европската иднина е во ваши раце

admin