20.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАРЕГИОН

Евростат: Растат платите во ЕУ

Платите и плаќањето по работен час во Еврозоната се зголемија за 4,6%, во првиот квартал од 2023 година, во споредба со истиот квартал од претходната година, покажуваат последните статистички податоци на Евростат. Додека во ЕУ, саатниците и платите се зголемија за 5,0%. 

Во истиот период, најголем пораст на трошоците за саатни плаќања за целата економија се забележани во Бугарија (+15,7%), Романија (+14,3%) и Литванија (+13,2%). Уште четири земји-членки на ЕУ забележаа пораст над 10%, и тоа: Естонија (+12,0%), Хрватска (+11,3%), Полска (+10,7%) и Белгија (+10,1%).

Во првиот квартал од 2023 година во споредба со истиот квартал од претходната година, трошоците за работна сила по час во еврозоната се зголемија за 4,4% во (главно) неделовна економија и за 5,2% во деловната економија: +4,9% во индустријата , +4,1% во градежништвото и +5,5% во услугите. Во ЕУ, цената на трудот по час порасна за 4,5% во (главно) неделовна економија и за 5,6% во деловната економија: +5,5% во индустријата, +4,4% во градежништвото и +5,8% во услугите.

Во ЕУ, економските активности кои забележаа највисоки годишни зголемувања на трошоците за саатни плати беа – „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ (+9,8%) и – „Рударство и вадење камен“ ( +7,8%). Најмал годишен пораст е забележан во – „Јавна администрација и одбрана; задолжително социјално осигурување“ (+2,7%) и – „Образование“ (+3,5%).

 

Related posts

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin

ДУИ со план од три точки за „Европа сега“

admin

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

ninja

Влезот на Бугарите во Уставот отвора нови партиски апетити

ninja

„IQAir“: СКОПЈЕ ВО ТРКА ЗА НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ

ninja