16.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

Бруто приходот од ДДВ е намален за 2,2 отсто во првите четири месеци од годинава, а нето приходите се помали за 6,7 отсто. Само по овој основ, буџетот останал покус за 13 милиони евра бруто, односно 25 милиони евра нето во однос на истиот период лани.

Данокот на додадена вредност го плаќаат крајните потрошувачи. Увозниците или трговците на големо прво го плаќаат, што се води како бруто наплата, па поднесуваат барање да им биде вратен. Кога владата ќе им го врати нивниот дел, тоа што останува е нето износот.

Академик Абдулменаф Беџети, во изјава за Дојче веле, вели дека и тој забележал дека има намалување на наплатата на ДДВ, но нагласува дека не може да се очекува овој данок да расте пропорционално со растот на цените.

“Инфлацијата е агрегатно ниво, односно збир на поскапувањата на различни производи, но не сите исто влијаат на наплатата на ДДВ”, вели тој.

„Факт е дека има мало потфрлање, но тоа не е страшно. Такви осцилации се можни“, вели Беџети.

Related posts

Мицкоски добива мандат, ДУИ испраќа порака

admin

Вучиќ ја прекина посетата на САД поради здравствени причини

admin

Македонскиот научник Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

admin

Лишена од слобода жена од Гостивар

admin

СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ, КОЛКУ ДА Е ДОЛГО, ИМА И КРАЈ

admin

„Обама момент”: Првиот премиер Албанец во Македонија

admin