13 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ларсон Џаин: Има силен моментум за проширување на ЕУ, не го пропуштајте

Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, во интервју за Порталб.мк вели дека е охрабрувачки да се види дека почнал дијалогот меѓу власта и опозицијата за уставните измени. Но, предупредува дека земјата ризикува многу ако на крај не се усвојат уставните амандмани и не започнат преговорите. 

“Одлуката за измена на Уставот е суверена, така што не е мое да коментирам што треба да прави македонскиот политички врв. Она што можам да го кажам е дека и мојата земја и другите земји-членки на ЕУ беа јасни во однос на тоа дека ние веруваме дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ. Оваа порака беше јасно изразена од страна на шефовите на влади на ЕУ на самитот во Тирана минатата година. Ќе додадам дека во моментов има силен моментум за проширување, поради геополитичката реалност во која се наоѓаме. Кога го имаш, трчаш со него”, вели Ларсон Џаин, пренесува Инбокс7.

Според неа, проширувањето навистина е приоритет за ЕУ и за шведското претседателство со Советот на ЕУ.

“Сакаме да видиме напредок на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Затоа е охрабрувачки да се види дека е започнат дијалог меѓу Владата и опозицијата за уставните измени”, вели шведската амбасадорка Ларсон Џаин, чија земја е претседавач со ЕУ.

Related posts

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

ПАЦИЕНТИТЕ И ПРАВДАТА-КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ПАРТИСКИТЕ БИТКИ ВО СОБРАНИЕТО

ninja

Искри во „медениот месец“ на владината коалиција

admin

Путин бара остар одговор на странските служби кои сакаат да ја дестабилизираат Русија

admin

Србија преку авионски линии ќе се поврзува со САД

admin

Пригожин се крена на бунт против Путин, Русија пред граѓанска војна

admin