Двајца припадници на американската Национална гарда се ранети во пукотница што се случи вечерва во близина на Белата куќа, соопштија локалните власти.
Полицијата потврди дека едно лице е приведено и дека истрагата ја води ФБИ. Претседателот Доналд Трамп на социјалната мрежа TruthSocial го нарече напаѓачот „животно“ и порача дека ќе „плати висока цена“. Тој исто така ги благослови припадниците на Националната гарда и сите воени и полициски сили.
Според локалните медиуми, ранетите војници се во критична состојба. Поради инцидентот улиците околу Белата куќа беа привремено затворени, а безбедносните мерки засилени.
Истрагата е во тек, а полицијата апелира до јавноста за соработка и избегнување на областа околу централното Вашингтон.

