29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сомнеж за масовно труење во скопско основно училиште

Кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Карпош е привремено затворена поради сомнеж за труење со храна, соопштија властите.

Повеќе од 80 ученици од прво до петто одделение пријавиле стомачни тегоби. Три деца засега се хоспитализирани, вклучително и помалиот син на премиерот, но здравствената состојба им е стабилна, соопштија од Детската клиника.

Инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) земале мостри од храна, вода и работните површини во кујната, како и брисеви од рацете, носот и грлото на вработените. Анализите на примероците се во тек, а првичните резултати се очекуваат утре.

„Екипата на Институтот за јавно здравје сè уште е на терен и врши детални контроли за да се утврдат причините за стомачните тегоби кај учениците“, изјави директорката Марија Андоновска.

Повеќе информации за причината за масовното труење се очекуваат откако ќе бидат готови лабораториските анализи.

Related posts

УСПЕХОТ НА „МЕКАТА МОЌ“ НА КИНА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

Илјадници млади ќе земаат дополнителни 3.000 денари месечно

admin

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ: ЕУ проширувањето зависи од реформи и политичка волја

admin

Мерц: Светскиот поредок заснован на правила повеќе не постои

admin

Цингел: На ЕУ и се брза, но Србија го чека исходот од изборите во САД

admin

НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕРВОЗИ ПО САЈБЕР НАПАДОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

ninja