24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Приведен лице кое избегал од затвор во 2015 година

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопско, соопшти МВР.

Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

 

Related posts

Амбасадорот Ховениер: Ги предвидовме последните, Курти не игнорираше

admin

Трагедија во САД: Татко уби осум деца во Луизијана

admin

Париски самит за Украина: Западот ветува обврзувачки безбедносни гаранции, Германија навестува воен придонес

admin

Привилегии или безбедност: Стара тема, нова врева

admin

Нови глутници кучиња без маркици се појавија во Карпош, се бара истрага

admin

ВЛЕН: Семејството на Ахмети продало акции на Алта Банка

admin