24.8 C
Скопје
15 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рама предложи план за формирање на Асоцијација, Курти нервозен

„Oд Албанија очекуваме подржшка а не посредници, нив ги имаме многу“ – ова е реакцијата од кабинетот на премиерот Албин Курти на нацртот што вчера го предложи премиерот Еди Рама.

Од кабинетот на премиерот Албин Курти во реакцијата за Топ чанел појаснуваат дека прашањето за претходните договори за здружување на општините со српско мнозинство е прашање на функционалноста на државата Косово, пренесува Инбокс7.

„Прашањето за градоначалниците на четирите општини на северот на земјата е прашање на почитување на уставот, владеењето на правото и давање услуги на нашите граѓани, кои поради бојкотот што го диктираше Србија, ги немаше за цели 6 месеци”, се вели во одговорот.

„Прашањето за претходните договори за здружување на општините со српско мнозинство е прашање на функционалноста на државата Косово, а тоа го докажува нацртот што го презентираше Менаџерскиот тим предводен од заменикот на Вучиќ со цел за Република Српска во Косово и неодамна со Нонпејперот на Академијата на науките и уметностите на Србија што зборува за „српскиот свет“. И во двата случаи, Косово е во прашање. И во двата случаи, опасноста е Србија. Оние кои се слободни во ставовите и без никаков товар, го разбираат ова. Очекуваме поддршка од официјална Албанија. Имаме многу посредници“, се вели во реакцијата.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, вчера испратил нацрт план за основање на Заедницата на српските општини во Косово до претседателот на Франција, Емануел Макрон и до германскиот канцелар, Олаф Шолц. Рама рече дека документот е доверлив, но изрази уверување дека тоа е „документ од највисоко меѓународно ниво кој ги зема предвид сите причини за создавањето на Асоцијацијата и дека тоа здружение на општини е дел од организацијата на животот на Косово“.

За аналитичарот Дорајет Имери, документот што Еди Рама го испрати за Заедницата не може да се квалификува како добар или лош, се додека не се знае содржината.

„Се додека не ја знаеме неговата содржина, тешко е да се даде добар или лош заклучок. Можеме да зборуваме за легитимитетот, сакал или не, и каква е вистинската позиција на Албанија во односот Косово-Србија. Тоа е прашање што ќе излезе на сосема друго ниво, но се додека на еден таков документ толку сериозно гледаат актерите на меѓународната заедница, особено Франција и Германија, имам целосно убедување дека зборуваме за нешто што е високо координирано и секако дека може да го има албанската печат како предлагач“, рече политичкиот аналитичар Дорајет Имери.

За нацртот на Асоцијацијата предложен од албанскиот премиер, Еди Рама, имаше многу реакции во Приштина и Тирана.

Опозицијата во Албанија жестоко реагираше, дури отиде дотаму што го опиша како текст напишан во Белград. Истите реакции ги имаше и владата на Курти, додека најголема поддршка во Косово доби од опозициската ПДК, каде еден од пратениците, кој рече дека го видел, го оцени како добар нацрт.

Related posts

Отворањето на Уставот како одење по жица

ninja

Германија: Се шират протестите против десничарската АфД

admin

Германија сака да ги враќа бегалците во Сирија

admin

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

ninja

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ, вети реорганизација и заедништво

admin

5 работи што треба да ги знаете за резултатите од изборите во ЕУ

admin