17.8 C
Скопје
27 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Хил: Србија се врти кон Западот, прашањето е дали да му се верува на Курти

Прашањето е дали САД можат да сметаат на косовскиот премиер Албин Курти како партнер, вели Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Белград, во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека „не се сеќава на толку длабоки поделби меѓу Приштина и Вашингтон“,  пренесува Инбокс7.

Американскиот дипломат ги демантираше наводите на некои провладини медиуми дека Западот сака да ја дестабилизира Србија преку протести против насилството, а во интервјуто ја коментираше и најавата на властите во Белград за предвремени избори.

“Мислам дека имаме проблем со г-дин Курти, тој не е подготвен да го прифати. Ми се чини дека имаме некои многу суштински проблеми со него, дали можеме да сметаме на него како партнер. Но, таа одлука ќе ја препуштам на нашата амбасада во Приштина”, рекол Хил.

Според него, деескалацијата е од суштинско значење, и “мислам дека имавме одреден успех по тоа прашање во изминатите неколку дена”.

“Има деескалација, секако на српска страна, а очекувањата од ЕУ и САД се дека Косово ќе направи чекор во таа насока. Многу е важно специјалната полиција да се повлече од општинските згради. Исто така, градоначалниците треба да ги напуштат општинските згради и тоа треба да се случи во одреден момент. И третото, малку потешко прашање, е дали може да имате нови избори. Од српска страна јасно беше кажано дека е важно формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), што се уште е проблем за господинот Курти. Затоа што сите други разбираат дека тоа е неопходно”, изјавил Хил. “Морам да кажам, и се извинувам за изразот, дека тоа е процес. И тоа нема да се случи во еден момент, туку во одреден временски период. Но, мислам дека господинот Курти е целосно информиран од нашиот амбасадор во Приштина, г-дин Лајчак и г-дин Ескобар, дека ќе мора да направи некои промени доколку сака да смета на нас како пријател и партнер. Не се сеќавам дека некогаш сум видел толку длабоки поделби во односите меѓу Приштина и Вашингтон.”

Тој мисли дека Србите се загрижени за учество на локалните избори кои се одржуваат под исти околности како и претходните – кои ги бојкотираа.

“Мислам дека се потребни некои промени, не сакам да зборувам до каде треба да одат и како ќе се постигнат. Знам дека ќе има многу дискусии со српската заедница во Косово за тоа како да се оди напред. Мора да имаме на ум дека целта на овие избори е оние кои се избрани да и служат на заедницата на северот на Косово, која е претежно српска”, рекол Хил.

Амбасадорот Хил го пофали српскиот претседател Александар Вучиќ како добар партнер, додека оцени дека Србија се врѕи кон Западот.

“Сметаме на него како добар партнер, тој и неговата влада се добри партнери во овој процес. И се надеваме дека така ќе продолжи. Би сакале да направи се што може за да ја деескалира ситуацијата и гледаме дека тоа веќе се спроведува. Тоа е многу позитивно. Бев присутен на разговорите (со Ескобар, Вучиќ и Лајчак) пред некоја вечер, и можам да ви кажам дека тие ја надминаа актуелната криза во Косово. Мислам дека има разбирање со властите во Србија како да се оди напред, да ги правиме работите заедно, се надевам дека и народот на Србија ќе разбере дека сакаме многу повеќе да соработуваме политички, економски, на полето на безбедноста – затоа тука беше и генералот Хокинсон (шеф на Бирото на Националната гарда на САД). Ние сме многу заинтересирани за подобрување на односите со Србија – барем колку што е заинтересиран народот и владата во Србија за тоа. Чувствуваме дека Србија станува се подобар и подобар партнер за нас”, изјавил Хил.

Related posts

Почина Тото Котуњо

admin

Суперјахта на Џеф Безос се закотви во Драч

admin

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin

Се скрши Алијансата, се разделија патиштата на двоецот Села-Таравари

admin

Заев за Катимерини: Пред Преспа бевме поблиски со Турција, сега сме со Грција

admin

Што се случува со оние на црната американска листа?

admin