14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Шолц: Германија има голема почит за македонскиот идентитет, време е за уставни измени

Канцеларот Олаф Шолц денеска во Берлин го пречека премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, кој со владина делегација се наоѓа на официјална посета на Германија,  пренесува Инбокс7.

Шолц го пречека Ковачевски со воени почести пред Сојузната канцеларија, за да разговараат за актуелните теми за регионот.

На заедничката прес-конференција пред средбата со премиерот на Северна Македонија Ковачевски се осврна на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Германија и Северна Македонија, што се прослави оваа година.

„Контактите и врските меѓу нашите земји станаа сè поблиски во ова време, а довербата се зголеми. Само во изминатите неколку месеци, сојузниот претседател, министерот за надворешни работи и јас ја посетивме Северна Македонија. Тоа покажува колку ни е важен овој контакт“, рече Шолц.

“Германија е многу сериозна за перспективата на ЕУ за земјите од Западен Балкан, ова особено се однесува на Северна Македонија“, му повтори канцеларот Шолц на својот колега од Северна Македонија.

Шолц подвлече дека Германија има „голема почит“ за македонскиот идентитет, неговиот јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги прави на својот реформски пат кон ЕУ .

“Планираните уставни измени сега се приоритет. Многу зависи од нивниот успех. Знам дека ова не е лесен чекор. Но, тоа е неопходно за да се расчисти патот за понатамошниот тек на процесот на пристапување во Европската унија.”, рече  Шолц.

Канцеларот истакна дека затоа сака да ја охрабри Северна Македонија да продолжи по реформскиот пат по кој тргна. „Реформите не се апстрактно барање. Тие веќе имаат многу конкретни позитивни ефекти за граѓаните“.

“Истото важи и за Берлинскиот процес, во кој шесте земји од Западен Балкан тесно соработуваа за да патуваат заедно кон ЕУ . Има уште многу потенцијал во тоа.”, истакна Шолц.

Во ноември 2022 година, Берлинскиот процес доби нов поттик со самитот во Берлин. Со некои договори се приближи целта за создавање заеднички регионален пазар. „Оваа година сакаме да напредуваме и овде. И јас сум многу задоволен што самитот ќе се одржи во Тирана на 16 октомври – а со тоа и за прв пат во самиот регион“, нагласи Шолц.

Косово и Србија: Поддржете ја нормализацијата

Особено со оглед на актуелните тензии меѓу Косово и Србија, сигналот за самит на Западен Балкан е важна работа, рече Шолц „Тоа би било добредојдена можност Србија и Косово целосно да се фокусираат на нормализирање на нивните односи, особено со спроведување на Охридскиот договор, во кој Северна Македонија одигра клучна улога како домаќин на самитот“, рече канцеларот.

Против војната на Русија

Важна тема на разговор со премиерот Ковачевски беѓе и руската инвазија на Украина и нејзините последици. Канцеларот Шолц истакна дека Северна Македонија е дел од големиот сојуз во Европа и со нашите трансатлантски партнери, кои „се обединија против руската агресивна војна“.

“Северна Македонија презема одговорност, без разлика дали е во НАТО или во ОБСЕ , каде што во моментов претседава”, рече Шолц.

Related posts

Поради злоупотреби – балансерот оди во историја

admin

ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В НЕДЕЛА ИЛИ ПОНЕДЕЛНИК

ninja

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin

Претставник на Стејт департментот поднесе оставка политиката на Бајден за војната меѓу Израел и Газа

admin

Што ја мотивира „премиерата“ на Али Ахмети?

admin

Во Албанија откриена високо квалитетна нафта, ШЕЛ ги прави последните тестови

admin