15.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

РСЕ: Синови и блиски на политичари во бизнисот со брзи кредити

Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 60 проценти, односно 23 компании, се основани од македонски државјани, се вели во најновото истражување на Радио Слободна Европа на македонски јазик, пренесува Инбокс7. 

Во бизнисот со брзи кредити „тежок“ 150 милиони евра, каде што се регистрирани 35 фирми за брзи кредити, 23 компании се основани со домашен капитал. Кратката процедура за овие брзи кредити од половина час и со еден документ ги прави примамливи за граѓаните, кои често не се информирани дека зад ова стојат високи каматни трошоци.

Дел од македонските сопственици на овие продавници за пари се роднини или блиски соработници на важни политички фигури во земјава, покажуваат податоците од Централниот регистар. Меѓу нив и блиски на двајца поранешни премиери.

Едно презиме во сопственичката структура кое го привлекува вниманието е роднина на поранешниот премиер Зоран Заев од СДСМ, неговата стрина Убавка Заева. Таа е сопственик на финансиското друштво Пеон од Струмица. Управител на оваа фирма е нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева. Убавка Заева е и мајка на Трајче Заев, кој и е познат на јавноста по бизнисите со производство на медицински канабис, кои ги стартуваше додека неговиот братучед, Зоран Заев, беше на власт. Зоран Заев беше премиер од 2017 до 2022 година.

Фирмата Пеон е основана уште во 1996 година како штедилница, а со лиценца за брзи кредити и издавање на гаранции се стекнува во 2013 година. Оваа компанија е основана со 800 илјади евра и со годишни приходи по околу 400 илјади евра. Во изминативе две години прави добивка од 170 до 270 илјади евра.

Поширокото семејство на поранешниот премиер има бизнис за преработка на овошје и зеленчук, компании за градежништво и градежни материјали, трговски друштва, а откако тој стана премиер влегоа и во бизнис со марихуана, преку фирмата на неговиот братучед Трајче Заев.

 

ЦЕЛАТА СТОРИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА!

Related posts

Неочекуван потег: Мишел ќе се кандидира за европратеник

admin

Мицкоски по средбата со Ескобар: Само брзи предвремени избори

admin

Зошто инфлацијата во Западен Балкан е повисока отколку во ЕУ и САД?

ninja

Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

admin

Шефот на грчката дипломатија Герапетритис: Западен Балкан треба што побрзо да стане дел од ЕУ

admin

Мицковски: СДСМ и ДУИ формираа антимакедонски фронт

admin