26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети: ВМРО има прогресивни сили, време е да поминат уставните измени

Северна Македонија денеска е модел за решавање на проблеми не само во регионот туку и пошироко. Овој успех е резултат на успешната соработка и партнерство со меѓународната заедница. Ова денеска го изјави претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во рамки на панелот Дијалог на Форумот во Преспа, јавува Инбокс7.

Тој додаде дека сега е времето за интеграција на Македонија во ЕУ и дека во овој момент не треба да се тактизира и дневна политика. Алудирајќи на малигното влијаније од недемократски земји, Ахмети рече дека странски кругови го кочат развојот и интегрирањето на Македонија во Европската унија.

Тој изјави дека Македонија не може да има подобро решение од вклучувањето на Бугарите во Уставот и дека деградацијата на интеграцискиот процес е само загуба за Македонија.

„Мислам дека четири години сме членки на Европската Унија“, рече меѓу другото Ахмети.

Според него, извонредно достигнување е тоа што политичките сили во земјава се одлучни за прогресивни процеси кон ЕУ, барем декларативно, но сепак додава дека има и партии кои во овој момент тактизираат.

„Мислам дека во оваа ситуација нема потреба од тактизирање. Придобивки од дневните политики не служат на ВМРО. Левица има поинаква ориентација со програма и статут, тоа не го крие. Мислам дека ВМРО треба да биде на јасно, да не води политка со двојни аршини. Може да предизвика деградација во процесот и само загуба. Како што настрадавме со грчката страна. Овој проблем го гледаме како решлив. Сметаме дека во ВМРО има прогресивни сили. Сега е моментот, во ноември треба да го одржиме вториот состанок со Европската Унија. За да имаме стабилен Балкан мора да ги решиме проблемите“, додаде Ахмети.

На маргините на самитот Ахмети се сретна и со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан. Како што извести министерот Османи, Сарацин бил информиран дека Собранието на Северна Македонија, ги ратификуваше трите договори во рамките на Берлинскиот процес – за меѓусебно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации.

Заедничка оценка на соговорниците била дека Берлинскиот процес продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот регион, поттикнувајќи ја интеграцијата на регионот во Европската Унија.

 

Related posts

Прогласени најдобрите аеродроми во Европа

admin

Избори во Косово: Курти очекува нова победа сред тензични односи со Вашингтон и Брисел

admin

ЕУ и Западен Балкан ја продлабочуваат соработката

admin

Вучиќ контра Шекеринска – епизода или политика?

admin

Над 4.300 случаи од загадената вода: Властите велат дека епидемијата се смирува

admin

Трамп: САД ќе ја водат Венецуела додека не се обезбеди „безбеден и правилен“ прeод на власта

admin