20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити тврди дека автомобил на Ахмети бил задржан при бегството на Груевски

Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе ново обвинување против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поврзано со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во тој период полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа во полициска станица, поради сомневање дека можел да биде користен за бегството на Груевски во Унгарија.

„Автомобилот на Али Ахмети остана еден ден во полициска станица, бидејќи се сомневаа дека Груевски можел да избега со него. Ова е вистина што многу наскоро ќе излезе целосно пред јавноста“, рече Меџити.

Тој додаде дека случајот е „еден од најскандалозните“ и покажува сомнителни врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта.

Во врска со наводната средба меѓу актуелниот кандидат на ДУИ за Чаир, Бујар Османи, и Груевски во Унгарија, Меџити изјави дека Османи бил таму приватно со семејството. „Бујар Османи бил во Унгарија и се сретнал со Груевски барем еднаш… доказите наскоро ќе излезат на виделина,“ изјави тој за медиуми на албански јазик.

Изјавите на Меџити следат по индиректното признание што Османи го даде на прес-конференција, а потоа, по реакции во јавноста, тој ја негираше средбата преку статус на Фејсбук.

Related posts

Франција не сака канцеларија на НАТО во Јапонија

admin

Раскол во НАТО околу Украина – Британија и Франција го блокирале планот на Руте

admin

Судскиот совет пресече: Алији разрешен по корупциски сомнежи

admin

„Дневник“: Власта во Скопје го користи спорот со Бугарија за мобилизација против опозицијата

admin

Британскиот амбасадор порача: Негувајте го вашиот јазик и вашата култура/ВИДЕО

ninja

УЈИЕ учествуваше на состанокот на Стратешкиот одбор на алијансата ChallengeEU во Валенсија

admin