2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

„Дневник“: Власта во Скопје го користи спорот со Бугарија за мобилизација против опозицијата

Употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на новата бугарска министерка за надворешни работи повторно предизвика дипломатички тензии меѓу Софија и Скопје, додека бугарскиот весник „Дневник“ оцени дека ваквите изјави повеќе не ги решаваат политичките проблеми на Северна Македонија.

Во анализа објавена денеска, „Дневник“ наведува дека терминот „северномакедонски“ не е неопходен и дека неговата употреба повторно ѝ дала можност на власта во Скопје да ја засили реториката против, како што се наведува, „пробугарската“ опозиција.

Спорот избувна откако бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова го употреби придавката „северномакедонски“ при осврт на средба со македонскиот министер за надворешни работи. По изјавата, македонското Министерство за надворешни работи упати усна реакција до бугарскиот амбасадор во Скопје.

„Дневник“ потсетува дека ова не е првпат бугарски функционер официјално да го употреби терминот и дека сличен случај имало и минатата година.

Според анализата, повторувањето на ваквите епизоди им овозможува на политичките партии во Северна Македонија повторно да ги мобилизираат гласачите преку темите поврзани со Бугарија, идентитетот и уставните измени.

Тензиите меѓу двете земји остануваат високи откако Софија го услови продолжувањето на евроинтегративниот процес на Северна Македонија со внесување на Бугарите во Уставот, барање што власта во Скопје засега одбива да го прифати без дополнителни гаранции од Европската Унија.

Related posts

Мицкоски во Кичево повика на единство, Ахмети одговори со порака од Боговиње

admin

Нов бунт во Албанија: Жители влегоа на градилиште и ги отстранија заштитните огради

admin

Неверојатно: Авион на Wizz Air полн со патници слета на непозната локација

admin

„IQAir“: СКОПЈЕ ВО ТРКА ЗА НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ

ninja

Апасиев обвини за двојни стандарди: За закани кон мене немаше постапка, за премиерот институциите веднаш реагираат

admin

Мицкоски по средбата со Ескобар: Само брзи предвремени избори

admin