27.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Им се нуди накит од 130 денари за потоа да им се испразнат сметките: Многу граѓани се жалат на Интернет измами

Сѐ поголем број граѓани се жалат од измами на социјалните мрежи, додека полицијата крева рамена и повикува само на претпазливост. Како што пишува ДВ, на измамените граѓани им биле нудени производи по ниски цени, а тие поитале да ги набават, лепејќи се на измамничката шема, пренесува Инбокс7.

Телефони за 1 денар, тротинети, апарати за домаќинство, лажни наградни игри за бесплатни подароци, „ексклузивна“ понуда на накит кој се продава за само 130 денари, се само дел од измамите на кои се жалат граѓаните.

Ваквиот ризичен шопинг многумина ги чини многу. Измамничката шема брзо им ги исцедува сите средства од сметките, по што почнуваат проблемите на граѓаните – се трча по банки да се блокираат сметките, се вртат телефони за поврат на средствата, се бара помош од МВР и од Секторот за компјутерски криминал, се алармираат различни инспекциски служби…

Само на почетокот на годинава, во периодот од јануари до февруари, на територијата на државата се регистрирани 27 кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, за кои по преземени мерки и активности кривично се пријавени 23 сторители.

„Во 2021 година, регистрирани се 142 кривични дела за злоупотреба на лични податоци, за кои по преземени мерки и активности кривично се пријавени 67 сторители, додека во 2022 година се регистрирани 125 кривични дела и мерки на кривичен прогон се преземени против 76 сторители“, информираат од МВР за ДВ.

Related posts

Алиу: Ќе дигитализираме 150 услуги, вака ќе се намали корупцијата

admin

Туризмот колатерална штета на македонско бугарскиот спор

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

ИНФОГРАФИКА/ КОЈА ОД ЗЕМЈИТЕ НА РЕГИОНОТ ИМА ПОГОЛЕМ ЈАВЕН ДОЛГ?

ninja

УЧЕСТВОТО НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ

admin

Двајца израелски министри повикаа на иселување на Палестинците од Газа

admin