15.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

ОБСЕ со план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во северот на Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово, пренесува Инбокс7.

Планот, според информациите од владата, е во насока на постигнување траен мир и стабилност на северот на Косово и враќање на косовските Срби во институциите и демократските процеси.

Како прв чекор, во планот се превидува Косово и Србија да ја реформираат посветеноста кон основниот договор и Охридскиот протокол.

Второ, Косово да ги повлече специјалните полициски сили, а Србија да ја намали борбената готовност на вооружените сили.

Трето, на полицијата на Косово, заедно со силите на КФОР и ЕУЛЕКС, да им се овозможи во целост да се грижат за редот и безбедноста на земјата.

Четврто, протестите да се откажат и да се стават во функција општинските функции и услуги, за нормално функционирање на општествениот живот, и воедно им се дозволува пристап на вработените во општините.

Чекор пет, градоначалниците да поднесат оставки до летото оваа година, отворајќи го патот за предвремени општински избори.

Чекор шест, предвремени општински избори да се одржат оваа година.

Чекор седум, ОБСЕ ќе го поддржи изборниот процес, преку техничка поддршка на косовските власти кои ќе ги организираат изборите, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу заедниците.

Чекор осум, ОБСЕ ќе ги ангажира младите во програмите и процесите за помирување.

Чекор девет, се вели во владината инфлација, ОБСЕ ќе ги стави своите капацитети на располагање за поддршка на имплементацијата со добра волја од двете страни на договорените одредби и продолжување на дијалогот.

Related posts

Курти го обвини Лајчак дека ја држи страната на Србија

admin

Масакар во САД: Најмалку 16 убиени, десетици повредени во масовно пукање

admin

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

Груевски: Очигледно Мицковски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта

admin

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ ЗА ИДНИНАТА

ninja

ЧЕШКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОСОВО НЕ Е УСВОЕН

ninja