12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи се сретна со Клеверли и Докерти, па се упати кон Олд Трафорд за да ја бодри репрезентацијата

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, се сретна денеска во Лондон со Џејмс Клеверли, државен секретар на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и со државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Докерти, јавува Инбокс7.

Тој од вчера е на работна посета на Обединето Кралство на покана на Клеверли.

“Благодарност за цврстата посветеност на Обединето Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста во регионот. Поддршка во клучните области за напредокот на РСМ; доброто владеење, транспарентноста и одговорноста, реформите во безбедносниот сектор, судството, диверзитетот, слободата на изразување и социо-економскиот развој”, соопшти Османи.

Во фокусот на разговорите била и нарушената безбедносна архитектура на Европа и последиците од војната во Украина, соработката како сојузници во НАТО, пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ и британската проектна поддршка, како и актуелните состојби и предизвици околу претседавањето со ОБСЕ.

Во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу Англија и РСМ, Османи размени дресови со неговиот британски колега Клеверли.

“Вечерва фудбалската репрезентацијата на Северна Македонија гостува во Гордиот Албион, на славниот “Олд Трафорд”, во т.н. “Театар на соништата” во Манчестер.

Вечерва ќе ги бодриме нашите екипи од различни страни, но ќе нѐ спои спортскиот дух и фер натпревар.

Очекуваме одличен спектакл – нека победи фудбалот!”, напишал Османи на неговиот Фејсбук профил.

 

Related posts

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

ninja

Европските хоризонти не се гледаат без вложувања во науката

admin

РСЕ: Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм

admin

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

Американската дипломатија поубедителна од европската?

admin

Даути: Стратегијата за развој мора да биде инклузивна, само така ќе имаме резултати

admin