14.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Зошто Бранко Црвенковски се јави со нова иницијатива?

Бранко Црвенковски повторно му се врати на јавниот живот. Поранешниот претседател и лидер на СДСМ се појави со нова иницијатива за поинаков пристап кон интеграциите во ЕУ. Предлага нова стратегија за приближување, односно да се искористат европските пазари и фондови. Истовремено, на домашните политичари им порача да не и стават партиски печат на иницијативата, пренесува Инбокс7.

Црвенковски не е оптимист дека земјата наскоро ќе стане членка на ЕУ. Според него, нема простор за поголем оптимизам дека Северна Македонија наскоро, ниту пак во наредните години ќе се интегрира во Унијата.

Оваа теза тој ја образложи на трибина организирана од Советот на амбасадори на Република Северна Македонија.

„ЕУ нема јасен план што да прави со себе, а како резултат на тоа и што да прави со Западен Балкан. За да се надмине статус-кво ситуацијата треба нов пристап, кој ќе им овозможи на земјите од регионот полесно да стигнат до пазарот и до фондовите на ЕУ“, вели Црвенковски.

Според него, нема многу напредок во однос на евроинтеграцијата. „Таму каде што бевме лани, таму сме и денес, без видлив и сериозен напредок“, рече Црвенковски.

Црвенковски не се сложува со проценките дека ако сега земјава почне преговори, за 4,5 или 7 години ќе стане полноправна членка, кои се искажани од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За него нелогична е и констатацијата дека војната во Украина создава нов моментум кој ќе го забрза процесот на проширување, став кој последно го искажа амбасадорката на Шведска во РСМ, Ами Ларсон Џаин, чија земја е претседавач со СУ.

Од друга страна, и актуелната власт и ЕУ дипломатите веруваат дека земјата може да стане полноправна членка до 2030 година.

„Тој рече не е невозможна мисија, напротив возможна мисија е, и може да се оствари“, рече евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир во интервју за ТВ 24, пренесувајќи ја пораката од Мишел дадена во видео обраќање на неодамнешниот Преспа форум, пренесува РСЕ.

Црвенковски вели дека предолгото чекање, неиполнетите ветувања од страна на ЕУ кон земјите од регионот, и постапувањето услови и уцени, доведуваат и до намалување на поддршката на интеграцијата во ЕУ. Иницијатива што ја предлага не би била никаква замена за полноправно членство во ЕУ, но треба да овозможи пристап до заеднички пазар и до европски фондови, со што земјите би ги подобриле економските перформанси и би биле поподготвени за полноправно членство.

Тој е свесен дека нема гаранција дека иницијативата би била прифатена од сите земји од регионот, ниту пак дека ЕУ ќе ја прифати. „Но ако не се обидеме никогаш нема да дознаеме каков би бил исходот. На крајот на краиштата нема што да изгубиме“, вели Црвенковски.

Според Црвенковски, прва варијанта е да се искористи постојната Европска економска област, со која на пример им се овозможува на Исланд, Лихтенштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар во ЕУ и без членство во ЕУ. А за возврат тие се обврзани да ги усвојат и спроведуваат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар освен законите поврзани со земјоделство и рибарство. Втора варијанта, вели Црвенковски, е ЕУ истовремено да потпише нов посебен договор со сите земји од Западен Балкан со кој би се овозможило учество на заедничкиот европски пазар и можност за користење на европските фондови.

Црвенковски е политичар кој со поистоветува со долгата транзиција на земјата од еднопартискиот систем кон демократија. Од 1994-1998 и од 2002-2005 бил премиер, а од 2005-2009 бил претседател на државата. По зврѓување на мандатот ккао претседател и се врати на СДСМ, но поднесе оставка по поразот на парламентарните избори во 2011 година. Од тогаш е пасивен на јавната сцена. За интегрирањето во ЕУ, зборуваше и пред една година, на настан исто така во организација на Советот на амбасадори. Тогаш порача дека јавноста треба да се подготви дека блокадата од Бугарија може да потрае и дека заради тоа нема да ги почнеме преговорите со ЕУ.

Related posts

КОРОНАВИРУСОТ СЕПАК ИЗЛЕГОЛ ОД ЛАБОРАТОРИЈА?

ninja

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin

Брајб-Гејт: Вотергејт на Бајден?

admin

ВИДЕО | Две лица загинаа, четворица се повредени при уривање на авион во Унгарија

admin

Уривање на мостот во Балтимор: Нуркачи пронајдоа две тела во потопен камион

admin

ОСУМ ИЛЈАДИ МАЛИ И МИКРО ФИРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРИ ГОДИНИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТA

ninja