12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

Европската комисија го одржа вчера последниот билатерален состанок на скрининг-процесот со Албанија и Северна Македонија за овој Кластер 3 од правото на ЕУ. Експерти од Европската комисија, Албанија и Северна Македонија разменуваа за нивоата на подготвеност на земјите и разговараа за плановите на властите за понатамошно усогласување со правото на ЕУ, јавува Инбокс7.

Кластерот 3 за конкурентност и инклузивен раст опфаќа дигитална трансформација и медиуми, наука и истражување, претпријатија и индустриска политика. Ги опфаќа и социјалната политика и вработувањето, образованието и културата, како и царинската унија, економската и монетарната политика и оданочувањето.

Одржани се осум билатерални скрининг состаноци меѓу претставници на Европската комисија и претставници на Албанија и Северна Македонија, на кои се испитува состојбата на двете земји. Следниот чекор во скринингот на кластерот 3 ќе биде извештајот на Европската комисија до Советот за степенот на подготвеност на Албанија и Северна Македонија за пристап.

До крајот на ноември треба да заврши целиот процес на скрининг, а дотогаш С.Македонија ќе треба да го измени Уставот за да ги вметне етничките Бугари во Преамбулата. Сепак, по првата средба освен што нема договор, СДСМ  и ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе ги влошија односите и довербата.

Уставните измени се обврска превземена од Францускиот предлог, кој лани беше усвоен од парламентите на С.Македонија и Бугарија. Истиот документ е анекс на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, потпишан во 2017.

Related posts

Самит ЕУ-З.Балкан во Тирана: Како да се поттикне економски развој?

admin

Пендаровски ја налути Софија, реагира бугарското МНР

admin

„Њујорк тајмс“: Израел ја претворил Евровизија во оружје на мека моќ

admin

3 идеи за пасивен приход за зафатени професионалци во 2025 година

admin

Радост и страв: Венецуелците реагираат на апсењето на Мадуро

admin

Како Трамп исчезнал од „Ер форс уан“: Тајната операција поради можна иранска ракета

admin