21.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пендаровски ја налути Софија, реагира бугарското МНР

“Министерството за надворешни работи категорично се спротивставува на обидот за повторно вовлекување на Бугарија и нашите билатерални односи во внатрешно-политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната предизборна кампања.”

Ова се наведува во соопштението на бугарското МНР, кое објави дека го повикало вонредниот и ополномоштен амбасадор на РСМ во Софија „во врска со неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната држава и од нив распространетите неточни тврдења во однос на Република Бугарија“, пишува Дојче веле на македонски јазик.

„Бугарија постојано поддржува конструктивен тон и се воздржува од коментари на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина на општествено спокојство за да може да се реализираат неопходните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не наидуваат на разбирање и не се ценат од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како оправдување за недостигот од напредок пред своите граѓани“, се вели во соопштението.

Во него, бугарското МНР уште еднаш ја поканува политичката елита во Северна Македонија да ја покаже неопходната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес за исполнување на преземените политички обврски во рамките на компромисот од 2022 година и Договорот за добрососедство од 2017 година.

„Тае единствената можност за постигнување реален напредок во процесот на европска интеграција на земјата во полза на нејзините граѓани“, порача Софија.

Во соопштението не е прецизирано на кои политичари и тврдења се однeсува реакцијата. Истата доаѓа по јавната реакција на бугарската партија ВМРО, која побара од бугарското МНР итно да го повика амбасадорот на Северна Македонија во Софија, во врска со изјава на претседателот Стево Пендаровски поради „говор на омраза кон бугарската држава“.

Соопштија дека нивен член, европратеник, испратил и официјално барање за тоа до премиерот Денков и вицепремиерката и шефица на дипломатијата, Марија Габриел.

Реакцијата се однесува на изјава на Пендаровски на ТВ Сител, која беше пренесена во бугарските медиуми.

Прашан за неговата неодамнешна изјава „дека ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ ако таа партија ги внесе Македонците во бугарскиот устав“, Пендаровски објасни дека му е многу жал што морал да најде специфичен начин – низ пародија да покаже дека му пречи кога некој со години ги лаже граѓаните.

„Дај Боже, не утре, денес да бидат Македонците во бугарскиот Устав, народ наш, тамошно малцинство кое е малтретирано со децении и децении, 70-80 години минимум. Страшни тортури и голготи има поминувано. Меѓутоа, кажете го тој волшебен начин. Како вие ќе ги ставите? Клучен фактор денес во бугарската влада е Бојко Борисов. Бојко Борисов е човекот кој го потпиша тој Договор (за пријателство и добрососедство – н.з.) во 2017 година, лично. И сега тој човек ќе рече ‘пу-пу не важи, можеме да направиме подабар договор за Македонците?’ Јас не верувам во тоа“, рече Пендаровски на ТВ Сител.

 

Related posts

Нова обврзница: Државата позајмува од граѓаните за да го покрие буџетскиот дефицит

admin

Пендаровски реагира за посетата на Курти: Организаторите мора да бидат казнети

admin

Бајден ќе стави вето на пакетот помош за Израел во Претставничкиот дом, вели Белата куќа

admin

Личните документи со кодот МКД не се погрешни, НМК кратенката е за возилата

admin

СПАСОВСКИ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ БЕА НА ТЕРЕН ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ДЕЛЧЕВ

ninja

ОМБУДСМАНОТ ЗАТРУПАН СО ПРЕТСТАВКИ ЗА СУДОВИ И ИЗВРШИТЕЛИ

ninja