14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Државата ги „опари“ партиите

Политичките партии ги добија парите од државниот буџет. Најмногу земаа три најголеми партии кои освоија и најмногу гласови на последните избори, ВМРО ДПМНЕ – 1. 491. 000 евра, СДСМ – 1. 323.000 евра и ДУИ – 677.800 евра. Законот со кој им следува 0,10% од годишниот буџет нема да се менува.

На 19 мај дата базата на Министерството за финансии, open.finance.gov.mk која ги прикажува трансферите од државниот буџет стана потешка за уште неколку „податоци“. Прикажа дека на сметките на политичките партии легнаа десетици илјади евра, а кај две партии податоците покажуваат дека сумата надминува и над милион евра.

 

Така ВМРО ДПМНЕ има добиено најголема сума речиси милион и пол евра, СДСМ околу милион и триста илјади евра, додека ДУИ половина од оваа сума или шестотини и седумдесет илјади евра.

 

Позади овие поголеми партии заостануваат останатите како на пример Левица со вкупно 14.533 000 денари или 236 илјади евра. БЕСА добила 13 115 000 денари односно прикажано во евра е 213 илјади, а по нив со помалку од 200 илјади евра, а повеќе од 100 илјади евра се ГРОМ, ЛДП, Социјалистичка партија, ВМРО НП.

 

Тоа се пари кои секоја година граѓаните ги даваат за партиите кои според Законот за финансирање на партии освоиле барем 1% гласови од вкупно излезените гласачи. Но, според истиот закон овие партии не добиваат исто пари бидејќи оние кои освоиле повеќе гласови на последни избори, пропорционално добиваат и поголем дел од колачот. Така пропишува членот 10 од овој закон.

 

Целата сторија на РСЕ прочитајте ја ТУКА

 

Related posts

ИНТЕГРИСТИТЕ И ПОТРАГАТА ПО ВНАТРЕШНА КОХЕЗИЈА

admin

Околу 200 илјади луѓе ни работат, ни бараат работа

ninja

ЕУ: Твитер го напушта доброволниот пакт за борба против дезинформациите

admin

ЛАЖНИ РЕКЛАМИ ЗА МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ ГО ПРЕПЛАВИЈА ИНТЕРНЕТОТ

ninja

БЛИНКЕН ВО ГРЦИЈА ВЕРОЈАТНО ЌЕ РАЗГОВАРА И ЗА ВЛЕЗОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

Две третини од државниот врв во посета на САД

admin