Куманово, Охрид, Битола, Крива Паланка и Струмица се општини со најголем број на безправно изградени објекти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2022 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 662 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување[1]) (16.8 %), 101 доградба, надградба и адаптација (15.3 %), 58 деловни објекти (8.8 %), 94 гаражи (14.2 %), 125 огради (18.9 %), 5 скалила (0.8 %), 19 тераси (2.9 %), 5 летни тераси (0.8 %), 50 натстрешници (7.6 %), 15 времени објекти (2.3 %) и 79 помошни објекти (11.9 %).
Најголем број бесправно изградени објекти (96.2 %) се во приватна сопственост.