14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Приведени тројца крадци во Кисела Вода, се обиделе да украдат „Фиат“

На подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје, соопштува МВР.

Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, кај нив бил најден мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид.

„Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела. Одземените предмети се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.“, вели МВР.

Related posts

Приведени велешани, фалсификувале денари

admin

Пазете да не надминувате над 50 км на час, за еден ден казна за 140 возачи

admin

Разбиена група на крадци, приведен е еден член

admin

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

ninja

Измама од 50.000 евра со брзи кредити – вмешан и вработен во Фондот за здравство

admin

Приведено лице барано со потерница

admin