21.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Шофер од Албанија фатен во „Деве Баир“

На 27.07.2023 во 18.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода З.В.(51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа. При контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот кој го управувал З.В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања различни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.

Related posts

Касами го кандисува, Таравари не сака да биде претседател

admin

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin

Г7 бара продолжување и проширување на договорот за извоз на украинско жито

admin

Армијата ќе се поднови со хеликоптери „агуста“ од Италија

admin

За 10 години 25.000 стручни кадри ја напуштиле Македонија

admin

На повидок битка за партискиот печат на АА

admin