11.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арсовска до Мицкоски: Градот Скопје нема надлежност за дивоградби – постапувајте согласно законот

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во четвртокот ја повика Владата да постапува согласно законските надлежности во врска со случаите на нелегална градба, откако премиерот Христијан Мицкоски побара градот да преземе активности против дивоградби.

„Жалам што првиот човек на Владата сè уште не ги познава основните законски надлежности и не знае како функционира локалната самоуправа,“ напиша Арсовска на Facebook.

Таа посочи дека единствено општините, како посебни единици на локална самоуправа, имаат градежни инспектори и надлежност да постапуваат во случаи на бесправна градба. „Градот Скопје е единствената единица на локална самоуправа што, според закон, нема градежен инспектор,“ истакна таа.

Арсовска додаде дека покрај општинскиот градежен инспекторат на Чаир, надлежност има и Државниот градежен инспекторат, кој е под Министерството за транспорт и врски, како и Министерството за внатрешни работи, кога се работи за кривични дела како узурпација на државно земјиште и нарушување на јавната безбедност.

„Благодарам на можноста, господине Мицкоски, да делувам едукативно во овој случај. Апелирам, сега кога ви се познати надлежностите – постапете веднаш,“ напиша Арсовска.

 

 

Related posts

Џо Бајден ќе го посети Израел

admin

Девет милиони евра за партиите: Каде и како ги трошат парите?

admin

Мицкоски: Владата го усвои предлогот за кредитот од Унгарија

admin

Мицкоски од САД предизвика бура реакции во Грција

admin

Дали булингот ги претвара децата во убијци?

admin

САД-Кина: Трговскиот конфликт ризикува да прерасне во финансиска војна

admin