18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари

ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска дека “власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари на македонските граѓани, туку станува сериозна закана и за европските фондови.”

Според партијата, за овие години нивна власт, Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, што е половина од сите злоупотреби во регионот.

“Наместо за европски проекти, огромни европски средства ги јадела корупцијата и ова не е возможно да се случувало без знаење, согласност, па дури и директна вмешаност на високи владини функционери.
ДУИ и СДС имаат полна уста со европски вредности, а во реалноста нивните џебови се полни со украдени европски пари. Зошто јавноста во Македонија за криминалот и корупцијата на власта освен од ВМРО-ДПМНЕ дознава од Брисел и Вашингтон”, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека Јавното обвинителство трае дури власта криминалот го прави. “Наместо тие да ги гонат арамиите од власта, странски извештаи, мисии, комисии, институции го истражуваат криминалот во Македонија. Тоа само говори колку е уништен правосудниот систем во Македонија со оваа власт на ДУИ и СДС“.

Related posts

Дојче веле: М-НАВ – “семејно гнездо” на властодршци

admin

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

ninja

БОРЕЛ: ВУЧИЌ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ЕУ, НО НЕ И КУРТИ

ninja

Американците не сакаат повеќе да се борат за својата земја

admin

Во Скопје се разговара за европската перспектива на регионот

admin

УСПЕХОТ НА „МЕКАТА МОЌ“ НА КИНА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja