17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Анкетата на ИРИ: Зголемена поддршка за членство во ЕУ, недостиг на доверба во владеењето на правото

 Новата анкета на  Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија покажува зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво, пренесува Инбокс7.

На прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Европската Унија, 79% од возрасните испитаници одговориле со „да“. Ова претставува раст од шест процентни поени во однос на анкетата извршена минатиот октомври.

„Растот во поддршката за ЕУ интеграција е знак дека западните институции нудат надеж за успешна иднина“ изјави Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. „Граѓаните на Северна Македонија ја сметаат интеграцијата со демократски блок каков што е ЕУ како клучна за мир и напредок“.

Анкетата исто така покажа дека поголемиот број на граѓани немаат доверба во владеењето на правото. Само 31% од испитаниците се согласиле дека законот еднакво се применува за сите граѓани на Северна Македонија, најниско ниво до сега. Шеесет и пет отсто не се согласиле со оваа изјава.

„Нашата анкета покажува дека помал број на граѓани имаат доверба во еднакво спроведување на законот“, рече Мекарти. „Лидерите во Скопје мора да се осврнат на ова прашање доколку сакаат да влеат доверба во владата и во политичките институции на земјата“.

Освен ова, граѓаните на Северна Македонија се поделени во однос на насоката според која се движи нивната локална самоуправа споредено со насоката во која се движи државата. Дваесет и осум отсто од испитаниците сметаат дека нивната општина се движи во вистинската насока, додека само 14% го мислат истото за земјата како целина.

Анкетата е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР). Податоците се собрани од 8 април до 4 мај 2023, со метод на повеќестепен  стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Беше анкетиран национално репрезентативен на примерокот  од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност. Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 74%.

Оваа анкета е извршена со поддршка од Националната фондација за демократија.

Related posts

Западот нема да дозволи уништување на ОБСЕ

admin

Истражување на РСЕ: Финансиска истражува, Лотарија си тера тендер за новото седиште

admin

Цвета градежниот бизнис (статистики)

admin

Судир во Брисел за проширувањето до 2030, демотивација во Скопје за уставните измени

admin

СТАТИСТИКА: Многу мал број на обвинети докажуваат дека се невини

admin

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

admin