17.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСПОРТХРОНИКА

ВИДЕО Повредениот бугарски државјанин е во стабилна состојба, приведени 21 лица

Дваесет и деветгодишен навивач на Левски бил синоќа избоден со нож повеќе пати во Скопје при заседа на два автомобили во кои се наоѓаа бугарски навивачи. Неговиот живот првично бил во опасност, но се известува дека неговата состојба денеска е стабилна. Пред натпреварот, навивачите на Левски се судриле со полицијата на влезот од гостинскиот сектор на стадионот, но извикувале и националистички и провокативни пароли за време на натпреварот. Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше денеска дека се приведени 21 лица што го нарушиле јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот помеѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, одржан синоќа на стадионот „Тоше Проевски“ во Скопје. Освен бугарските државјани, од слобода се лишени и лица од Скопје кои со нож нападнале еден од навивачите на Левски, при што му нанеле тешки телесни повреди, пренесува Инбокс7.

„На 27.07.2023 година во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. МВР вели дека и тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

Полицијата вели дека го расветлил и случајот со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18.38 часот е пријавено дека се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди.

„По преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави. Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба“, вели МВР.

Related posts

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin

Овој е најопасниот хакер на светот

admin

Уставни измени, стратешки инвестиции и пакет реформи во наследство на новото Собрание

admin

Расте притисокот на САД кон Курти, Ховениер: Нашите барања се легитимни

admin

Ванковска „прв“ кандидат во трката за претседател на Северна Македонија

admin

На 13 август Меџити ќе ја промовира новата партија, во најава за формирање уште 2 нови субјекти

admin