7.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

По средбата во Прохор Пчињски, претседателот на Србија заедно со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски се упатија кон Врање, јави Б92, пренесува Инбокс7.

„Со Стево Пендаровски на пат за Врање, каде што ќе го угостиме како што доликува – српските специјалитети и нашите најдобри вина на нашите сестрински држави и народи. Да живее пријателството на Република Србија и Северна Македонија“, беше објавено на Инстаграм профилот на buducnostsrbijeav.

Вучиќ во манастирот Св. Прохор Пчињско, по средбата со претседателот на Северна Македонија, Стeвo Пендаровски, рече дека денеска се потврдени исклучителните односи што постојат меѓу двете земји.

„Ние не сме само пријатели, туку како народи имаме братски или сестрински односи, бидејќи е уште поубаво да се каже така, но верувам дека тие односи ќе продолжат да се развиваат“, истакна Вучиќ.

Тој рече дека трговската размена меѓу двете земји е 1,5 милијарди евра годишно и изрази уверување дека таа ќе продолжи да расте.

“Заедно правиме многу работи за да го подобриме животниот стандард на граѓаните на двете земји“, нагласи Вучиќ.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, рече дека се надева дека ќе опстане добрата традиција на прославување на Илинден, најголемиот национален празник во земјата, „на местото каде што е формирана Македонската Република“.

Тој истакна дека се надева дека следната година Илинден повторно ќе се слави на истото место, со цел да им се оддаде почит на најголемите национални дејци на Северна Македонија.

Пендаровски му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговата лична поддршка за Северна Македонија да го прослави најголемиот национален празник на местото каде што е формирана, како и за тоа што тој лично ја предводи српската делегација годинава.

Во овој манастир, кој сега се наоѓа на територијата на Србија, е формирана првата македонска република.

Related posts

РУСИЈА НЕГИРА, НАТО ИСТРАЖУВА ДАЛИ ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ПОЛСКА ЈА ПРЕДЗИКАЛЕ РУСКИ РАКЕТИ

ninja

ДУИ се жали дека им се крадат пратенички места

admin

Интервју со Такер Карлсон: Проверка на факти за „чудните “ стории на Путин

admin

Мицкоски по средбата со Ескобар: Само брзи предвремени избори

admin

Мицевски: Уставни измени под диктат нема, власта нема двотретинско мнозинство

admin

Рама предложи план за формирање на Асоцијација, Курти нервозен

admin