2.8 C
Скопје
17 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Дали Албин Курти ја обединува албанската опозиција во С.Македонија?

Лидерот на Самоопределување и премиер на Косово, Албин Курти, на 11 август ќе престојува во Република Северна Македонија, потврдија од неговиот кабинет, пренесува Инбокс7.

Тој ќе престојува само во Тетово, каде ќе се сретне со градоначалникот Билал Касами, кој воедно е и лидер на опозициската БЕСА. Исто така е најавено дека Курти ќе престојува и во Чаир, каде се очекува да оствари средби со градоначалникот Висар Ганиу и со пратеникот Изет Меџити, кој неодамна се отцепи од ДУИ и е во процес на формирање на партијата Демократско движење. Средби се очекува да има и со претставници на Алтернатива како и со интелектуалци.

Официјално, повод за посетата е промовирање на идејата за патно поврзување на Призрен со Тетово,  која е стара и ветена неколку пати во двете земји.

Курти во Тетово ќе биде примен од Касами, по што ќе го посетат селото Вица на Шар Планина, каде ќе ја промовираат идејата за поврзување на Тетово-Призрен со регионален пат.

Од Општина Тетово најавуваат организиран пречек на Курти во градскиот плоштад. На овој настан, во рамки на бројни активности, ќе се приклучи и добро познатата рок група „Елита 5“.

Повод за посетата на Чаир, пак, е именувањето на пат со името на косовскиот дисидент за време на Југославија, Адем Демачи. Домаќини на Курти во Чаир ќе бидат Меџити од Демократското движење, како и градоначалникот Ганиу. И во Чаир се спрема организиран пречек со бројни активности.

Посетата на Курти доаѓа во момент кога ВЕСА на Касами, ДД на Меџити и Алтернатива на Африм Гаши се обидуваат да формираат опозициска коалиција со цел да издвојуваат подобар изборен резултат на наредните парламентарни избори во 2024 година.

Related posts

Ирска, Данска и Луксембург со најголема куповна моќ, Романија, Бугарија и полска со најмала

admin

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

admin

Заврши времето на пораки во дипломатски ракавици

admin

КОЈ ЌЕ СЕ СПАСИ СО АМНЕСТИЈАТА НА КОВИД-КАЗНИТЕ?

ninja

Висока е поддршката за НАТО во Северна Македонија

admin

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja