5.8 C
Скопје
12 ноември, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕНЕШНАТА ОБЈАВЕНА ПРЕСУДА ЗА УБИЈЦИТЕ НА ДЕВОЈКАТА ВО УРОШЕВАЦ ПРЕД 2 ГОДИНИ

Пишува: Петрит Сарачини 

Десетина портали на македонски јазик дезинформираа за денешната објавена пресуда на Судот во Урошевац (Ferizaj) во Косово, за свирепото убиство на девојка што се случи пред две години.

Прво, дезинформација е дека убиството се случило во Србија. Урошевац (Ferizaj) е град во Косово, а не во Србија.

Второ, дезинформација е дека убијците се државјани на Албанија, тие се жители на Косово.

Трето, дезинформација е дека убиената девојка е Србинка – таа е Албанка од Косово.

За оваа трагедија се пишуваше опширно во медиумите на албански јазик и беше топ тема во јавноста во 2021 година, кога се случија неколку случаи на убиства и насилства врз жени и девојки.

Девојката била во вонбрачна заедница со еден од убијците, инаку сторител и на други кривични дела, а во убиството му помогнал негов другар. Денес едниот е осуден на доживотна затворска казна, а другиот на 15 години затвор.

Тоа се фактите, кои би требало да бидат дел од насловите и по кои би требало да трагаат професионалните новинари. За жал, многу медиуми во Македонија не го сторија тоа, туку објавија наслови со кои ширеа дезинформации, го кршеа Кодексот на новинарите превејќи сензација од трагичен настан случен пред две години, а богами и манипулираа и поттикнуваа гнев и национална нетрпеливост.

Дури и оние што ги поправија текстовите, не го сторија тоа како што налагаат професионалните стандарди, со ИСПРАВКА и јавно ИЗВИНУВАЊЕ до читателите, туку тивко-тивко, со корекција и поправање само на насловите на сајтовите и понекој ред од објавите, без да ја известат за грешките публиката која веќе прочитала неточни информации.

Можеби некои од нив направиле ненамерни грешки, се случува. Но, на оние што постојано користат вакви трагедии и случки за да ловат кликови, да билдаат рич на постовите надевајќи се на коментари од наапани луѓе и да подгреваат тензии – нека им служи на чест. Ако воопшто ја имаат.

#AluminiumOverMaximum

 

(Превземено од Фејсбук профилот на авторот)

Related posts

Пет причини за граѓаните да инвестираат во граѓанската обврзница – петка за граѓаните

admin

ДУПови

admin

Зошто посетата на Курти во Северна Македонија беше грешка?

admin

Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот

admin

По Бањски Манастир – освестување и пресек: Принципиелни или територијални решенија  

admin

Историска заедничка одлука за платите во јавниот сектор: системско и одржливо решение

admin