18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачевски: Ова не е прва посета на Ескобар, нема да биде ни последна

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по средбата со заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави во фокусот на разговорот бил развојот на настаните во однос на нашиот европски пат и можноста да бидат усвоени уставните измени,  пренесува Инбокс7.

“Разговаравме за успешниот тек на скринингот, а пред сѐ за отпочнувањето на процесот на отпочнување на уставни измени кое покрај ЕУ и САД го сметаат за навистина клучен и важен чекор во обезбедувањето на европска иднина и продолжувањето на европските интеграции на Северна Македонија. Ова е истиот став како и ставот на коалицијата која што ја предводи оваа Влада и која што е мнозинство во Собранието и е ист со ставот на огромното мнозинство на македонските граѓани кои над 80% сакаат да бидат дел од ЕУ. И она што ние треба да го направиме како политички лидери е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ”, рече Ковачевски.

Тој потоа и одговори на опозицијата, која рекла  дека Владата коленичи за да дојдат странски дипломати за да вршеле притисок како дел од светски заговор и дел од супер непријатели против дел од македонскиот политички спектар, со цел да се обезбедело гласање.

“Тоа не е точно, бидејќи во Северна Македонија денес е присутен висок претставник на најпријателската држава на Северна Македонија – САД, тој е во Северна Македонија како дел од неговите редовни посети во регионот бидејќи високиот претставник Ескобар е висок претставник за Европа и специјален претставник за Западен Балкан. Тоа не е негова прва посета ниту пак ќе биде последна посета. И во име на тоа пријателство е и оваа денешна средба на која што разговараме токму за работите кои ги имаме заедно постигнато во текот на изминатите години и што е она пред нас што можеме да направиме заедно”, рече Ковачевски.

Целата прес конференција можете да ја најдете во видеото подолу: 

 

 

 

 

Related posts

Кои се 10-те најдобри градови за живеење?

admin

Довербата на Американците во судскиот систем на рекордно ниско ниво, покажа анкета

admin

Украина воведува портпарол на Министерството за надворешни работи создаден од вештачка интелигенција

admin

СДСМ во Приштина, ЕСП во Вашингтон

admin

Бајден го повика Западот да ја одржи поддршката за Украина

admin

Премиерот Мицкоски очекува корекција на одлуката за царините од САД

admin