23.8 C
Скопје
26 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачевски: САД, ЕУ и ние имаме заеднички интерес

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Стратешкиот форум во Блед непотребно ја разбранува домашната и меѓународната јавност.

“Пораките кои беа испратени таму и од претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и од премиерите на Хрватска, Пленковиќ и словенечкиот Голоб не се разликуваат од ставот на Владата на Северна Македонија, евроинтеграции и членство во ЕУ до 2030 година“, вели Ковачевски во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија.

ЕУ, додава тој, веќе има интерес за проширување. “Ако во минатото требаше да се најдат држави кои што се за проширување, сега веќе не можат да се најдат држави кои што се против проширување”, рече Ковачевски.

Проширувањето,  според него, стана еден од клучните зборови не само во ЕУ, туку и во НАТО Алијансата, а се во светло на војната која што се води во Украина.

“Вие знаете дека ние станавме најнова членка на НАТО пред две години, меѓутоа денес НАТО има уште една членка тоа е Финска, и уште една членка која е во процес на ратификација тоа е Шведска. Две најверојатно најбогати држави во Европа кои сакаат да се приклучат во најголемиот воено одбранбен сојуз во светот, со оглед на тоа дека тоа им овозможува да ја бранат својата демократија во таков Сојуз.”

“И посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, беше уште една цврста порака дека стратешкиот партнер на Северна Македонија, САД, дава поддршка на уставните промени со цел членство на земјата во ЕУ“, посочи премиерот.

„Она што остана како клучен заклучок во таа средба е дека САД цврсто стојат заедно со ЕУ на ставот дека стратешки интерес и нивни, и на ЕУ, и наш, каде што сите три интереси се поклопуваат е дека Северна Македонија треба да биде дел од ЕУ.”

“Второ дека САД за свои партнери ги сметаат оние политички партии кои што работат за интеграција на државата во НАТО, и за интеграција на државата во ЕУ, и се борат против корупцијата и криминалот. Господинот Ескобар ниту дојде некому да прави притисок, ниту дојде да презентира некакви планови, тој само дојде да каже дека нашиот прв и најважен политички партнер САД имаат исти интерес со нас, а тоа е Северна Македонија да биде дел до ЕУ, и не поттикна да ги донесеме потребните одлуки“, рече претседателот на Владата во интервјуто.

Related posts

Шолц во Атина: Може ли Грција да ја снабдува ЕУ со енергија?

ninja

Ќе прифати ли Берлин „промена на парадигмата“ на Балканот?

admin

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

ninja

НАТО: ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ТРАЕН МИР МЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА

ninja

Јокиќ се враќа во Србија, го очекува вистинско изненадување

admin

Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи

admin