Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на собир во Штип, рече дека премиерот Димитар Ковачевски се врати “блед од Блед” заради пораките кои ги добил за време на самитот.
“Велат тие биле Европа. Па прашајте го францускиот претседател покрај сите остапки сите понижувања кои ги прифатија, јасно вели дека нема ЕУ. И што после тоа. 2030 ни ја продаваат за светлата година која треба да дојде во состојба кога нема гаранции ни дека државата ќе стане членка на ЕУ до 2063 година. Македонија, драги браќа и сестри, е уморна од ветувања на европски бирократи кои не тапшаат по рамото ветувајќи работи кои не доаѓаат. Македонија е уморна од политичари на власт кои само за да ги задржат фотелја спремни се и душата да си ја продадат, само за да ужииваат во привелегиите додека народот живее на ивица, на раб на издржливост. Со оваа власт сме се далеку од ЕУ. И тоа е јасно, ниту има надеж дека ќе биде се подобро. Апатијата и неуспесите ќе завршат. ВМРО-ДПМНЕ цело време е со народот. Ги слуша неговите проблеми, ги гледа проблемите во општеството и за тоа на следните избори кога и да се случат ќе понуди решение и визија. Нашата визија ќе биде преточена во програма во која придонес ќе има секој од вас. Таа програма ќе нуди проекти и многу, многу работа. Впрочем и тоа го покажавме овде во Штип”, рече Мицкоски.
Тој ја коментираше и кампањата на владата “Ние сме Европа”.
“Затоа што за време на таа кампања ќе се изнаслушате се и сешто од ситни души кои се платени со ваѓи пари, а крадени од Владата на ДУи и СДСМ или СДСМ и ДУИ како сакате кои со тие ситни души прават коалиција како ВМРО-ДПМНЕ да не дојде до 61 пратеник. Зошто? Затоа што така нивната цена на политичката сцена на нивниот пазар кој што тие се навикнати ќе биде многу мала. И второ затоа што му слугуваат на нивниот главен стопан и сигурно вие го очекувате тој стопан да биде СДСМ. Не не е СДСМ”, вели Мицкоски.
СДСМ, според него, се претвори од државотворна партија во измеќари на ДУИ. “Тие се вистинскиот стопан денес во владата и на СДСМ, и на овие ситни души кои што ќе имаат за цел да излезат и да ви кажат вие што сакате да слушнете, а потоа кога ќе заминат од тие средби со граѓанитем додека патуваат до другата точка во возилото да ги бројат парите кои ги добиваат од нивниот стопан, само и само да го поделат антивладиниот македонски гласач. Нашата цел на идните избори се покрај тоа што мораме да ја декласираме коалицијата СДСМ и ДУИ е да им го покажеме вистинското место на овие кои што се претставуваат како алтернатива, кои што го изедначуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да им го покажеме вистинското место, а тоа е на темната страна на историјата, со огромна победа која што ќе ја направиме заедно со вас и со народот на Македонија.”
Тој нагласи дека “колку е посилно ВМРО, толку е посилна Македонија.”
“А колку е посилна Македонија толку и вашиот дом е повреден. Колку е послаба Македонија, колку повеќе Македонија е клекната на колена, толку и бизнисте на бизнисмените се посиромашни, толку и нашите домови се помалку вредни. Затоа ние потребна огромна победа. Победа со која што ќе ја зголемиме вредноста на нашиот дом. Драги браќа и сестри, Како што нашите револуционери знаеле дека ослободувањето е можно само од силата на сопствениот народ, така и денеска велиме дека успехот е возможен само со многу труд и работа, на власт и народот во коалиција, заедно. Македонија може и мора да успее. Македонија е земја коај треба да бележи напредок и посакувана за инвеститори.”, рече Мицкоски.